Настани pivolend-2013_poster

24 август, 2013

Електрични Оргазам, Визија, Нокаут, Гуру Харе и многу други на Пиволенд 2013

Од 11-15 септември на скопското кале по шести пат ќе се одржи фестивалот Пиволенд 2013, чија програма ќе биде проследена со триесетина музички спектакли и голем избор на пиво и скара. Забавата ќе се одвива на три различни сцени, односно главна, кавер бенд и диџеј сцена. Годинава во поглед на музиката, акцентот е ставен на македонските изведувачи меѓу кои се и ДНК, Нокаут, Дани, Гуру Харе, Некст Тајм, Тони Китановски и Васил Хаџиманов, Тамара Тодевска, Гоце САФ, Мирко Попов, Визија и многу други, а гостуваат и музички имиња од регионот како што се Електрични оргазам и Едо Маајка.

Целосната програма можете да ја видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑