Аудио 1601600_810332205681791_7757643239752166330_n

9 април, 2015

„Ела си в кревет“ е новата песна на „Фолтин“

По мини-албумот „Антитело“, објавен во 2012 година, култниот битолски состав Фолтин конечно нè израдува со нова музика. Станува збор за уште една одлична тема насловена „Ела си в кревет“, која воедно е и прв „залак“ од новиот албум на бендот. Покрај подготовката на новиот материјал, битолчаните се зафатени и со настапи ширум регионот, а во текот на април и мај ќе гостуваат во повеќе градови во Хрватска и Словенија.

Со нивниот нов хит „Ела си в кревет“ можете да уживате во продолжение.

Насловна фотографија: Александар Јонациќ



Врати се горе ↑