Балкан 171921_10151097655621932_318917320_o

26 декември, 2012

Ела Дворник го издаде својот деби албум

Ќерката на легендарниот хрватски музичар Дино Дворник, Ела го промовираше нејзиниот деби албум на кој работеше веќе две години. Нејзиното првенче го носи насловот „Sayonara“, а на него се наоѓаат 9 песни. Позади овој проект застана издавачката куќа Креативни неред, која ја водат нејзината мајка Данијела Дворник и менаџерот Јосип Новосел. Промоцијата воедно беше и прослава на нејзиниот 22-ри роденден.

Албумот го доби својот наслов и дизајн во јапонски стил бидејќи ќе биде промовиран и во Јапонија, а истиот може да се купи и на сервисот АјТјунс. По краткиот одмор за празниците, Ела заминува на промотивна турнеја со нејзиниот бенд. Во продолжение погледнете го провокативниот видео запис кој е снимен за нумерата „Хентаи“ (18+) во соработка со нејзината колешка Марина Соул.

 



Врати се горе ↑