20 септември, 2017

„Екстраваганца“ дебитираат со „Само да си тука до мене“

Ресенското дуо „Екстраваганца“, составено од Јовче Воденичаровски (вокал, гитара) и Крсте Калевски (гитара),  неодамна ја промовираше својата прва авторска песна насловена „Само да си тука до мене“, која стигна заедно со видео запис.

Првенчето на момците доаѓа по нешто повеќе од две години од нивниот прв заеднички настап и сметаат дека собрале доволно искуство да снимат нешто свое, па така автор на текстот е Јовче, а музиката и аранжманот се на веќе докажаниот Хари Котларовски, кој се враќа на сцена после пауза од шест години.

Видеото, пак, го изработи екипата на продукцијата „Пирамид“, под режисерската палка на Кристијан Шемко, а главната улога ја доби убавата Ажда Агуш, додека кадрите се снимени на две интересни локации – Маџир маало и под железничката станица.

„Ние сме задоволни од сработеното, па сега чекаме коментари од публиката. Како што се вели, ние нашето го направивме“, велат момците, а како изгледа и звучи „Само да си тука до мене“ можете да дознаете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑