Концерт DSC_0120

30 декември, 2013

Експо Центар „разбиен“ од публиката на Владо Јаневски

Во саботата Експо Центар ќе беше „разбиен“ од неколкуилјадната публика која едногласно ја пееше „Црно Тиквешко“ на Владо Јаневски, но и другите негови хитови, во атмосфера со позитивни вибрации и беспрекорно извучување и осветлување. Уште еднаш се покажа дека Експо Центар е местото во кое се случуваат најголемите забави со вистински ѕвезди како што е Владо, кој два часа без престан заедно со својата публика ги пееше безвременските љубовни балади: „И тогаш некоја будала“, „Евергрин“, „Што и да е ќе помине“, „Тајна отровна“ и тн.

„Среќен сум што ве гледам во волкав број, особено што гледам млади  лица како ги пеат моите стари хитови, но присутна е и публика од мојата, постара генерација, што особено ме радува, вака заедно што се забавуваме сите. Вечерва сум само ваш!“ – изјави Владо.

Неповторливиот романтичар не ги изостави и веселите хитови кои ја обележаа неговата досегашна музичка кариера. Ова беше одлична предновогодишна забава за публиката во Експо Центар.



Врати се горе ↑