1 октомври, 2014

Експлицитни сцени во новиот видео запис на „Марун 5“

Составот „Марун 5“ неодамна го претстави своето петто студиско издание со симболичен наслов „V“. Веќе имавте можност да го слушнете и видите првиот сингл „Maps“, како и дуетот со Гвен Стефани за темата „My Heart Is Open“, а сега пристигна уште еден видео запис во кој, покрај фронтменот на бендот, Адам Левин, главната улога ја има неговата сопруга, супермоделот Бехати Принслу.

Станува збор за екранизацијата на темата „Animals“, за чија режија бил задолжен Семјуел Бејер, познат по римејкот на филмот „Nightmare on Elm Street“, кој излезе во 2010 година. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑