8 мај, 2013

Експлицитен видео запис на Дејвид Боуви: Погледнете го „The Next Day“(18+)

За најновиот видео запис за нумерата „The Next Day“, легендарниот британски музичар Дејвид Боуви повторно ангажирал големи ѕвезди од филмското платно. Овој пат улогата на проститутка ја игра француската актерка Марион Котијар, а како бискуп се појавува Гери Олдман.

Ова е трет сингл од најновиот истоимен албум на Боуви, а го најави на почетокот на годинава со синглот „Where Are We Now?, по кој следуваше уште еден интересен видео запис за песната „The Stars Are Out (Tonight)“, во кој се појави актерката Тилда Свинтон.

И овој видео запис е во режија на Флориа Сигисмонди, но поради експлицитната содржина е забранет за лица под 18 години.

 



Врати се горе ↑