Балкан Sank Rock 1 photo by Marko Delbello Ocepek

2 јули, 2014

Ексклузивно враќање на легендарниот бенд Шанк Рок

Еден од најдобрите словенечки бендови на сите времиња, Шанк Рок ќе одржи ексклузивен концерт во рамките на фестивалот „Пиво ин цветје“, кој годинава се одржува од 17-20 јули во Словенија. По тридецениска успешна кариера, четиринаесет албуми и илјадници концерти, легендарните рокери во 2010 година објавија дека престануваат со работа, но иако многумина мислеа дека никогаш повеќе нема да ги видат во живо, групата одличи да одржи ексклузивен концерт на овогодишното јубилејно издание на познатиот словенечки фестивал, така што нивниот настап е закажан за 18 јули на сцената „Златорог“ во Јагоче.

 

Годинава на  „Пиво ин цветје“ ќе настапат бројни светски и регионални ѕвезди на неколку различни сцени. Влезот е бесплатен на сите бини, освен на „Златорог“, на која ќе настапи и претходно најавената супергрупа Д Вајнери Догс.

 

 



Врати се горе ↑