13 мај, 2015

Ексклузивна снимка од пробата на Даниел и „Мрџ“

Расте евровизиската еуфорија за јубилејното 60. издание на најпопуларниот фестивал на стариот континент, од кое нè делат уште само неколку дена. Деновиве започнаа да се одржуваат и првите проби на претставниците од 40-те земји, колку што ќе учествуваат годинава, а веќе имавте можност да ѕирнете како ќе изгледа и настапот на Даниел Кајмакоски. А сега, благодарение на ирскиот евровизиски блог „Јуровижн Ајрленд“, имаме и ексклузивна снимка од пробите зад сцената, на која може да се види дел од кореографијата што Даниел и „Мрџ“ ќе ја изведуваат со „Autumn Leaves“.

Ирскиот новинар и уредник на „Јуровижн Ајрленд“, Гарет Мулхол, кој редовно ги следи и известува за сите настани поврзани со манифестацијата, направи уште едно интервју со нашиот претставник, во кое Кајмакоски откри дека Mojцa Хорват ја добила идејата за кореографијата кога го видела како танцува за време на една од претходните проби. Интервјуто погледнете го во продолжение.

 

Само за потсетување, Даниел ќе настапи во рамките на првата полуфинална вечер во вторник, 19 мај, под реден број 8. Сите песни кои ќе се натпреваруваат за титулата „Песна на Евровизија за 2015 година“ можете да ги преслушате овде (или овде), а за уште повеќе да Ве зафати евровизиската еуфорија, прочитајте и за историјата и скандалите на фестивалот, потсетете се на сите наши досегашни претставувања, како и „упатството за обложување“ и годинешните фаворити.

И.Ј.

 

 



Врати се горе ↑