Настани

22 јуни, 2018

Еко-фестивалот „Аларм за природата“ ќе се одржува во Ливадиште

„Конкеринг лајон“, „Нокаут“, „Милко“, „Културно уметнички работници“,  Мухамед Ибраими, „Мугер фугер“, Рутбој Селектор се меѓу најавените артисти и бендови за еко-фестивалот „Аларм за природата“, кој од 26 јуни до 1 јули ќе се одржува во кампот Ливадиште во Струга.

Освен музичката програма, за фестивалот се најавени еко-акции, презентации, разни предавања, ликовна колонија за слики за чиста животна средина, еколошки тимски предизвици, слем поезија итн.

За целата програма и информации за билети може да се види ТУКА.

„’Аларм за природата’ е иницијатива за обединување на силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина, да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата“, стои во најавата за ова тето издание на фестивалот.



Врати се горе ↑