Аудио AKON_picture_2

20 октомври, 2012

Ејкон конечно со новиот „Стадиум“

„Stadium“ е името на долгонајавуваниот албум на американскиот артист и текстописец со потекло од Сенегал, Ејкон. Подготовките за албумот започнаа уште при крајот на 2008 година, кога редовно патуваше до Јамајка за да соработува со Демиен, Џулијан и Стефан Марли, а веќе во 2009 се најавуваше дека албумот ќе излезе следната 2010 година. Веќе во септември истата година, беше пуштен во етер најавниот сингл „Angel“ продуциран од Дејвид Гета, а набрзо беше објавен и вториот „Give It To ‘Em” во соработка со раперот Рик Рос, потоа и „Get It Down Low” заедно со Крис Браун.

Датумот за промоција беше одложуван на неколку наврати заради други обрски на пејачот, но и заради реконструкција на издавачките куќи кои ќе стојат позади албумот, а тоа се неговата Konvict Muzic и Universal Republic Records. По издавањето на неколкуте најавни нумери и кратката пауза, промовиран во мај годинава „America’s Most Wanted” е уште еден хит кој ќе се најде на „Стадиумот“ на Акон. Познати продуцентски имиња кои ќе застанат позади овој проект меѓу другите се и Дејвид Гета, Бени Бенаси, Вил Ај Ем и Бејби Фејс. По неколкугодишна подготовка, конечно е потврдено дека четвртиот студиски албум за кој веќе се познати 7 нумери, ќе излезе во март, 2013 година. Се надеваме дека овој пат нема да се одложи.

 



Врати се горе ↑