13 октомври, 2014

Егзотични танчерки во новиот видео запис на Ни-Јо

По првиот сингл „Money Can’t Buy“ со кој го најави својот шести по ред студиски албум, Ни-Јо деновиве го претстави и видео записот за темата „She Knows“, во која гостува колегата Џуси Џеј, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Порано годинава, музичарот изјави дека со новиот материјал ќе се врати на „домашен терен“, односно дека повеќе ќе доминира Р’н’Б звукот, а изданието насловено „Non Fiction“ се очекува да излезе наскоро.



Врати се горе ↑