Настани Najava-banner2_1

19 април, 2013

Егзит: врвот на X-Bass револуцијата‏

ЕГЗИТ Р:Еволуција 2013 ја започна соработката помеѓу ЕГЗИТ и UKF Music, најголемата и најзначајна музичка платформа посветена на бејс музиката, а сега тоа партнерство доби нова димензија со комплетирање на листата на изведувачи кои ќе настапат на главната бина на фестивалот во рамки на новата музичка програма насловена X-Bass Takeover.

Најактуелните имиња на драменбејс и дабстеп жанрот Broke’n’£Nglish, Camo & Krooked (DJ Set) & Dynamite MC, Chase & Status and Rage, Diplo, Dismantle & LX One, Feed Me (DJ Set), Redlight, Rudimental live, SBTRKT (DJ Set), Wilkinson & VisionObi ќе се придружат на веќе потврдените настапи на DJ Fresh LIVE, SkiSM, Dub Phizix и MC Strategy, The Prototypes, Brookes Brothers, Inspector Dubplate, како и Friction и MC Linguistics. Заедно, од овогодинешната X-Bass Takeover програма ќе направат еден од најголемите светски настани посветени на овие енергични музички правци.

 

Британските продуценти Chase&Status, предводниците на вториот дел на X-Bass програмата, се меѓу најзаслужните што драменбејс стилот на глобално ниво успеа, од алтернативен стил на музика, да допре до пошироката публика. Победниците во неколку категории во рамки на престижните Drum&Bass и Q награди, ѝ понудија на публиката нешто сосема ново во вид на комбинацја на моќни бас линии, „заразни“ хитови и соработки со ѕвезди како CeeLo Greena и Rihanne. Diplo, во моментов најбараниот денсхол продуцент, работеше на новиот албум на Snoop Lion, додека Camo&Krooked, Rudimental Live, Dismantle, LX One, Wilkinson, VisionObi, Redlight иBroke’n’£Nglish ќе настапат прв пат во Србија. На ЕГЗИТ се враќа и Dynamite MC, големиот промотер и пријател на фестивалот.

 

ЕГЗИТ е дефинитивно еден од највлијателните фестивали на денешницата, воедно и најголем настан со кој до сега сме соработувале, така што мораме да ги подигнеме работите на уште повисоко ниво. UKF и ЕГЗИТ делат заедничка цел, а тоа е да ги соединат љубителите на музиката од целиот свет со што би креирале неповторливо фестивалско искуство“. – изјави Џени Кокрејн од UKF Music.

Со повеќе од 3 милиони следбеници и повеќе од една милијарда прегледувања на своите јутјуб канали, промовирајќи ги најдобрите и најактуелните музички достигнувања кои се заштитен знак на овој енергичен музички правец, UKF Music претставува идеален избор на партнер кој популарната “After 2“ програма на Егзит фестивалот, сега насловена X-bass Takeover, ќе ја подигне на многу повисоко ниво.“ – истакна Драган Амброзиќ, програмскиот селектор на главната фестивалска бина.

Оваа година се одбележува десетгодишнината на спектакуларната драменбејс програма која стана еден од заштитните знаци на ЕГЗИТ. Соработката на фестивалот со UKF Music ќе ги одбележи и наредните години, а настапите на најпопуларните диџеи и продуценти ќе ја позиционираат X-Bass Takeover програмата меѓу петте најдобри драменбејс случувања на планетава.

Покрај комплетирањето на X-Bass програмата, ѕвездите кои веќе го потврдија доаѓањето на ЕГЗИТ 2013 се Atoms For Peace, Snoop Dogg Aka Snoop Lion, CeeLo Green, Fatboy Slim, Bloc Party, Eric Prydz, Seth Troxler, Dubfire, Pan-Pot, Âme b2b Dixon, Scuba live, Matador live, Subb An & Adam Shelton, Apollonia, Ana Popović Band, Prong, Delilah, Deniz Kurtel, Kate Boy live, а многу други најави допрва следат!

Актуелната цена со 50% попуст за петдневните влезници за претстојниот Егзит фестивал изнесува 3580 денари, а истите можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон – ТГЦ, прв кат).

Редовно следете и на www.exitfest.org, бидејќи во наредниот период следат објави на нови имиња.



Врати се горе ↑