Настани fb_cover_ukf_mart_bez_avatara

18 март, 2014

ЕГЗИТ ви ја претставува експлозивната „ЕКС-БЕЈС“ програма!‏

Внимание внимание! Вонредна состојба на повидок! Како „Скрилекс“ (Skrillex), „Рудиментал Лајв“ (Rudimental Live), „Даб Еф-Екс“ (Dub FX) и „Ковен Лајв“ (Koven Live) да не беа доволни, па ЕГЗИТ и „УКФ“ (UKF) подготвија уште изненадувања за главниот стејџ на ЕГЗИТ фестивал 2014! „Екс-Бејс“ (X-Bass) програмата е целосно надвор од контрола бидејќи ѝ  се придружуваат „Енди Си“ (ANDY C), „Дименжн“ (DIMENSION), „Фред Ви & Графикс феат Дајнамајт Емси“ (FRED V & GRAFIX feat DYNAMITE MC), „Горгон Сити“ (GORGON CITY), „Мај Ну Ленг“ (MY NU LENG), „Прити Лајтс“ (PRETTY LIGHTS), „Саб Фокус“ (SUB FOCUS) и „Ти-Си“ (TC)!

Нивото на опасност е поместено на висок степен на узбуна: бидете подготвени за експлозија на звукот. Секој што ќе биде на главната бина на ЕГЗИТ, секоја вечер од 1:00 часот до утро, ќе присуствува на создавањето на фестивалската историја.

Ендру Џон Кларк ака Енди Си (ANDY C) ќе настапи на 10-ти јули на Петроварадинската тврдина. Публиката на ЕГЗИТ фестивал ќе има чест да го чуе еден од зачетниците на драм енд бејс проектот, кој е многу повеќе од само диџеј и продуцент. Тој е повеќекратен добитник на големи признанија меѓу кои се и наградите за најдобар диџеј на сите времиња и наградата за животно дело при „Нешнл Д&Б Авордс“ (National D&B Awards). Како сопственик на најпознатата драм енд бејс етикета, РАМ Рекордс (RAM Records), соработувал со големи имиња на бејс сцената на кои самиот им беше влијателен пример, како „Саб Фокус“ (Sub Focus), „Чејс енд Статус“ (Chase and Status), „Ноисиа“ (Noisia), Диџеј Фреш (DJ Fresh), „Рандал“ (Randall), „Бед Компани“ (Bad Company), Вилкинсон (Wilkinson) и други.

Роберт Етриџ или „Дименжн“ (DIMENSION), кој настапува на првиот фестивалски ден, од година во година станува сè поуважуван член на драм енд бејс сцената. Публиката и своите колеги ги воодушеви со деби албумот ‘Digital World’, по кој неговите следни изданија станаа неизоставен дел од врвовите на драм енд бејс топ листите, со што ја доби и поддршката од своите идоли меѓу кои се Енди Си (Andy C), „Чејс енд Статус“ (Chase and Status), „Фрикшн“ (Friction) и други.

„Фред Ви & Графикс“ (FRED V & GRAFIX) се младата надеж на британската драм енд бејс сцена, кои потпишаа соработка со познатата етикета „Хоспитал Рекордс“ (Hospital Records). Иако соработуваат само неколку години, тие и тоа како ветуваат, па веќе ги објавија драгоцените изданија како ‘One Of These Days’, ‘Long Distance’ и ‘Room To Breathe’. Ним во петок, 11-ти јули, ќе им се придружи човекот без кој „Афтер 2“ (After 2) програмата на ЕГЗИТ фестивал не би била иста, „Дајнамајт Емси“ (DYNAMITE MC), едно од најголемите имиња на светската емси сцена и голем пријател на фестивалот од неговиот почеток.

„Горгон Сити“ (GORGON CITY), кои во рамки на „Екс-Бејс“ програмата настапуваат во сабота, 12-ти јули, го чинат лондонските продуценти Мет и Каје, новото дуо на плодната британска електронска сцена. Нивниот албум првенец, кој ќе излезе под заедничка етикета на „Вирџин“ (Virgin) и „Еми“ (EMI), најавен е за 2014. година, а претставен е со новиот сингл ‘Ready For You Love’, кој го достигна 4. место на „Ук Синглс Чарт“ (UK Singles Chart).

Во петок, 11-ти јули нè очекува настапот на „Мај ну ленг“ (MY NU LENG). Како неизбежен дел на „Блек Батер“ (Black Butter) екипата, нивниот бас звук има цел спектар на влијанија, од гараж, преку џангл, благодарение на препознатливите нагласени вокали комбинирани со певливите басови. Секогаш повеќедимензионални, секогаш прецизни, секогаш енергични, Томи и Џамо го пронајдоа своето место во срцата на обожувателите… и немаат намера да се поместат оттаму.

„Прити лајтс“ (PRETTY LIGHTS) алијас Дерек Винсент Смит, еден од пионерите на новиот бран на електронската музика која се базира на хип хоп битови и соул и фанк семплови. По големиот број бесплатни изданија, Смит со цел да привлече поширока публика во јули 2013 година го објави дуплиот албум A Color Map of the Sun и Live Studio Sessions From A Color Map of the Sun кој достигна до второто место на „Билборд денс/електроник (Billboard Dance/Electronic) листата, а годинава е номиниран и за Греми наградата во категоријата „Најдобар денс/електроника албум“. На главната бина доаѓа во недела, 13-ти јули во своето неверојатно лајв издание.

Во недела навечер на главната бина на ЕГЗИТ фестивалот се враќа Ник Доума aka „Саб Фокус“ (SUB FOCUS), по новиот албум “Torus” објавен минатата година. На Петроварадинската тврдина стигнува со веќе планетарно познатите хитови како “Rock it”, “Splash”, “Last jungle”, како и песните од новиот албум и енергијата која на само нему својствениот начин ќе ја сподели со публиката. Дека е еден од најуспешните д’н’б изведувачи на младата генерација потврдува и фактот дека ги надмина границите на бејс музиката правејќи го, според критичарите, албумот кој ја дефинираше оваа ера и кој њу скул денс музиката ја приближи кој мејнстримот со своите впечатливи настапи.

Конечно, последниот ден на фестивалот ќе настапи „Ти-Си“ (TC). кој доживеа вртоглав пораст на популарноста по објавувањето на својот деби албум ‘Evolution’ 2007. и од тогаш не попушта во напредокот. Скоро секој сингл од ‘Evolution’ се најде на врвот на „Би-би-си Рејдио 1’с Нешнл Денс“ (BBC Radio 1’s National Dance) и „Би-би-си 1Екстра’с Д&Б“ (BBC 1Xtra’s D&B) листите. Потоа со исклучително високи стандарди го продолжи своето дело, а во ноември 2013. го објави ‘Get Down Low’ ЕП за издавачката куќа на „Скрилекс“, „ОВВСЛА“ (OWSLA), кое не само што се најде на „Ук Денс“ (UK Dance), „Ук Инди“ (UK Indie), „Ук Синглс“ (UK Singles) листите, туку стигна и до првото место на „Ук Инди Брејкрс“ (UK Indie Breakers) листата.



Врати се горе ↑