Настани 934602_10151764553508698_942421966_n

10 јули, 2013

Егзит Р:Еволуцијата започнува вечерва!

Атмосферата е доведена до вжештување, интересот никогаш поголем, додека музиката се слуша од сите страни… Во Нови Сад започнува бурното и целосно уникатно доживување! Фестивалот ќе трае од 10 – 15  јули до раните утрински часови на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. За време на овие пет дена, ЕГЗИТ фестивалот ќе угости околу 2000 акредитирани изведувачи (како музички така и од немузички содржини), на повеќе од 20 бини и посетители од повеќе од 60 земји од сите континенти.

Свеченото отворање на фестивалот почнува вечерва во 20:00 часот на главната бина на ЕГЗИТ. Ќе ни биде чест отворањето да започне со најголемиот продуцент на сите времиња, големиот Најл Роџерс и Шик, хорот Вива Вокс, покрај Марчела и Исказ и со несекојдневната церемонија на отворањето која ќе ја изведе меѓународната перфоманс трупа Area 51, Arcadia  и домашните – Алтернација и Дупло Дно. Тие ќе ја претстават приказната за енергијата, љубовта и р:еволуцијата, која ќе го одбележи овогодишниот фестивал. По настапот на Шик, вечерта ќе ја затвори Xilient во рамките на UKF X-bass програмата.

Најл Роџерс слета со авион од Истанбул на аеродромот „Никола Тесла“. Штом излезе, во неврзаниот разговор кажа дека многу се радува на настапот на ЕГЗИТ. „Уууух, времето е прекрасно“ – прокоментира тој со насмевка: „Во авионот имаше многумина кои зборуваа за ЕГЗИТ. Разбрав дека станува збор за голем фестивал, најголемиот во овој дел од светот. Ќе биде одлично!“, рече со голема насмевка творецот на ултимативните хитови „Le Freak“, „Get Lucky“ и многу други.

Оваа година на ЕГЗИТ ќе имаме прилика да ги чуеме вистинските легенди, нови проекти, ѕвезди и врвни изведувачи. Атомс фор пис зад кои стои човекот спиритус мовенс на Рејдиохед – Том Јорк, во засилување на Фли од „Лутите пиперчиња“, продуцентот на Рејдиохед и тапанарот на R.E.M. Ник Кејв за прв пат доаѓа со Д Бед Сидс и најновиот албум. Дејвид Гета ја носи досега невидената продукција и специјален настап. Снуп Дог доаѓа не само со нов албум, туку и нов псевдоним – Снуп Лајон. За прв пат ќе имаме и фестивал во рамки на фестивалот, единственото европско издание на Warriors Dance фестивалот оваа година со омилените на регионалната публика – Продиџи во главна улога. Рудиментал, Дипло, Ана Поповиќ, Мунспел, Ерик Придз, Фетбој Слим и уште многу имиња ќе го одбележат овогодинешниот фестивал. Ќе има и нови бини, тајни журки, чил-аут и фан зони и уште многу содржини поради кои овогодинешниот ЕГЗИТ ќе биде многу посебен. Распоредот на настапите можете да го погледнете преку следниот линк.

Главната бина на фестивалот ќе биде долга повеќе од 30 метри, со до сега најдоброто озвучување и со осветлување кое секој ден ќе се менува и еволуира, па и самиот стејџ секој ден ќе изгледа поинаку.

Exit туризам

На сите кои доаѓаат прв пат во Нови Сад, од голема помош ќе им биде мапата на градот, со вцртани клучни места: главна автобуска и железничка станица, кампот Егзит Вилиџ, центарот на градот и Петроварадинската тврдина, која е достапна на следниот линк. На овие локации, како и на плоштадот во Нови Сад, на посетителите достапни им се и инфо-пултовите на Егзит фестивалот, каде ќе можат да се информираат за сѐ што ги интересира за фестивалот и градот.

За снаоѓање на самата тврдина, како и за планирање што и по кој редослед ќе посетите на фестивалот, ќе ви користи и мапата на тврдината достапна на овој линк, но и саатниците на фестивалот кои можете да ги погледнете на овој линк. Секогаш е најдобро однапред да се подготвите!

Exit во живо!

И оваа година подготвен е целосен пренос во живо од фестивалот преку интернет социјалните мрежи. Facebook, Twitter, Youtube, Flickr, SoundCloud, Mixcloud, ги здружуваме за сите, во секој момент, на своите мобилни, компјутери или на фестивалските видео бимови, да имаат известување за сѐ што се случува: од она што хедлајнерите мислат за Егзит, Нови Сад и публиката, каде ви се наоѓа друштвото во тој момент и како си поминуваат, преку видео снимки со висок квалитет, најсвежи фотографии, до снимки во живо од фестивалските случувања. И не само тоа! Годинава имаме и ЕГЗИТ редакција, на која ќе можете да ги прочитате најсвежите вести за тоа што се случува на бините, но и зад нив, кој тукушто слетал на аеродромот, кој нè воодушевил и овој фестивал го направил незаборавен.

Важни информации

Вратите на фестивалот се отвораат секоја вечер во 19:00 часот. Апелираме посетителите да доаѓаат порано поради предвидената гужва. Пијалоци, храна и предмети за кои ќе биде проценето дека можат да ја нарушат безбедноста на посетителите, нема да може да се внесуваат на тврдината.

Препорачуваме и во околината на тврдината да не доаѓате со автомобили поради предвидената гужва.

Временска прогноза

На голема радост на сите посетители, најавено е ведро и суво време со максимални дневни температури од 32 степени до минимални 16 целзиусови степени, што е идеално за добра фестивалска атмосфера.

Влезници:
Од денес комплет влезниците можете да ги купите само во Србија по цена од 11.990 српски динари.

Цената на влезниците за отворањето на фестивалот,  денес 10.јули, изнесува 1000 српски динари и целиот приход од продажбата за овој ден ќе биде насочен во фондот за обнова и промоција на Петроварадинската тврдина.

Актуелната цена на влезниците по ден изнесува 2.990 српски динари. Доколку не бидат распродадени, еднодневните фестивалски влезници ќе бидат поскапи на влезот на Егзит фестивал.

 

Замената на фестивалските ваучери за нараквици се одвива секојдневно во Петроварадинската улица во Петроварадин, преку пат од влезот на тврдината. Посетителите кои купиле еднодневни влезници, истите не ги менуваат за нараквици, туку со влезниците директно влегуваат на фестивалот.

 

Работно време на заменските места:

 

Среда 10.07. – од 12ч. до 24ч.

Четврток 11.07. – од 12ч. до 03ч.

Петок 12.07. – од 18ч. до 03ч.

Сабота 13.07. –  од 18ч. до 03ч.

Недела 14.07. – од 18. до 03ч.

 

Распоредот на вечерашните настапи е следниот:

20:30 МАРЧЕЛО И ИСКАЗ

21:30 VIVA VOX

22:45 ЦЕРЕМОНИЈА ЗА ОТВОРАЊЕ

23:00 CHIC FEAT NILE RODGERS
00:45 XILENT

 



Врати се горе ↑