Настани O

16 јануари, 2014

Егзит прогласен за најдобар европски фестивал

EXIT го освои првото место во категоријата на најголемите европски фестивали на церемонијата на доделувањето на Европските фестивалски награди за 2013 година (European Festival Awards), која синоќа се одржа на фестивалот Eurosonic Noorderslag во Гронинген во Холандија. EXIT зад себе ги остави некои од најголемите европски фестивали, како што се белгискиот фестивал Tomorrowland и унгарскиот Sziget. Публиката од цела Европа, заедно со жирито на EFA, кое го сочинуваат истакнати поединци од светот на фестивалската индустрија, со заеднички гласови одлучија дека во конкуренцијата од 360 фестивали од цела Европа токму EXIT фестивал од Србија е најдобар!

Наградата во Гронинген ја прими стратешкиот директор на фестивалот, Душан Ковачевиќ, кој во оваа пригода изјави:Би сакал да се заблагодарам на Европските фестивалски награди за оваа неверојатна можност да го претставам EXIT пред целиот свет. Исто така би сакал да се заблагодарам на фестивалската публика и членовите на жирито кои гласаа за нас. Некои од вас веќе знаат дека EXIT фестивал е единствен во светот, бидејќи настана како студентски проект за мир и слобода во Србија и на Балканот. Веруваме дека општествената одговорност на EXIT фестивал и понатаму е важна причина за нашето постоење. Поради тоа и ја посветувам оваа награда на сите верни љубители на EXIT фестивал, особено на оние од Србија и од Балканот, како и на нашиот Нови Сад, најдобриот град на светот, во кој EXIT се одржува од самиот почеток!“

Повеќе од 360 фестивали од 34 земји беа во конкуренција за најдобар голем фестивал во 2013 година. Повеќе од 620 000 луѓе од целиот свет учествуваа во гласањето и EXIT во декември 2013 година беше одреден меѓу десетте финалисти, заедно со белгиските фестивали Tomorrowland, Pukkelpop, Dour Festival и Rock Werchter, Open’Air и Woodstock фестивалот од Полска, германските Hurricane/Southside и Wacken Open Air фестивали, како и унгарскиот Sziget.

Ова е прв пат EXIT да го освои првото место во конкуренција на големите европски фестивали, уште од основањето на наградите European Festival Awards во 2010. година, иако секоја година беше во најтесниот избор. Exit претходно, во 2007. година беше изгласан за Best European Festival од страна на уште еден важен авторитет во фестивалскиот свет, UK Festival Awards.

EXIT Р:Еволуција 2013 ќе остане запаметено како едно од најуспешните изданија на фестивалот до сега. Соборени се многу интерни рекорди и беше остварена посета од околу 200.000 луѓе! Петнаесттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на EXIT АВАНТУРАТА која нѐ води на EXIT, од 10-13 јули 2014. на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и на SEA DANCE ФЕСТИВАЛ од 15-17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадран.

Листата на сите добитници можете да ја погледнете на официјалната страница на Европските фестивалски награди eu.festivalawards.com .

ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ НА СИТЕ ВЕРНИ ЉУБИТЕЛИ НА EXIT ФЕСТИВАЛ КОИ ГЛАСАА ЗА НАС – БЕЗ ВАС СМЕ САМО УШТЕ ЕДЕН НА МАПАТА НА ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛИ, СО ВАС СМЕ – НАЈДОБРИ ВО ЕВРОПА!!! СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ЈУЛИ! 



Врати се горе ↑