Балкан 403387_10151363595158698_727558143_n

13 декември, 2012

„Егзит“ продолжен на пет дена

Најголемиот музички фестивал во Југоисточна Европа, новосадски „Егзит“ следната година ќе биде продолжен на пет дена со извесни концепциски промени, и ќе трае од 10 до 14 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Еден од основачите на фестивалот Милош Игњатовиќ на вчерашната средба со медиумите изјавил дека новина на следното издание на фестивалот е воведувањето на т.н. „нулти“ ден, па „Егзит“ кој досега почнуваше од четврток , следната година ќе започне од среда.

Организаторите на фестивалот имаат желба тој да се прошири со нови содржини, за да прерасне во „фестивал на креативноста“, каде музиката ќе биде само база, но не и единствена причина за доаѓање на фестивалот. Игњатовиќ потенцирал дека се неопходни промените, бидејќи досегашниот формат на фестивалот е преживеан веќе неколку пати, па дури забележал дека има премногу музика на „Егзит“.

Деновиве се пуштени во продажба влезниците за фестивалот за членовите на „Егзит трајб“ по најповолна цена од 1.600 денари. А лимитиран број на влезници по иста цена за сите останати ќе бидат пуштени од 21 декември од 12 часот, додека регуларната пакет-влезница за целиот фестивал ќе биде по 6.510 денари.



Врати се горе ↑