Настани JBL.Exit_-1030x606

10 декември, 2013

Егзит повторно меѓу најдобрите!

По неодамнешниот избор во десетте најдобри фестивали надвор од Велика Британија во рамките на UK Festival Awards од ноември оваа година, EXIT добива признание и од страна на најзначајните европски фестивалски награди, European Festival Awards!

Со ова EXIT повторно се најде во друштво на десетте најдобри и тоа во најважната категорија на најголемите европски фестивали (major festivals) меѓу кои се и белгискиот Tomorrowland, унгарскиот Sziget, Woodstock од Полска и други. Интересно е и што десетте најдобри големи фестивали доаѓаат од само пет европски земји – Белгија, Германија, Унгарија, Полска и Србија. Исто така, меѓу десетте најдобри хедлајнери на годината се наоѓаат и два изведувачи кои настапија на минатиот EXIT Фестивал, Атомс фор пис и Ник Кејв & Д Бед Сидс, додека меѓу хитовите на годината се најде песната „Get Lucky“, која за Дафт Панк ја компонираше Најл Роџерс, кој исто така настапи оваа година на Петроварадинската тврдина. Листата на сите финалисти можете да ја погледнете на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди на овој линк.

Во оваа пригода ја потсетуваме јавноста дека од четврток, 12-ти декември, па сѐ до 14-ти јануари во продажба ќе се најдат влезниците по цена од 3.200 денари, што е дури 60% попуст од регуларната цена, за четири дена на EXIT ФЕСТИВАЛ на Петроварадинска тврдина. Но тоа не е сè! Оние кои ќе купат пакет влезници во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за сите седум дена од EXIT АВАНТУРАТА, односно ја добиваат влезницата за три дена SEA DANCE ФЕСТИВАЛ целосно бесплатно! Ни тоа не е сè! На членовите на EXIT Трајб, односно посетителите на фестивалот од претходните години, кои влезниците ќе ги купат до 14-ти јануари, EXIT им подарува и бесплатно сместување во кампот на фестивалот во Нови Сад, додека оние кои EXIT го посетуваат прв пат можат уште од сега да го резервираат своето место во кампот по цена од 1.650 денари.

Редовната цена на влезниците за EXIT ќе биде 7.250 денари, а за SEA DANCE ФЕСТИВАЛ 2.630 денари. Во Македонија продажбата на влезниците ќе се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс и официјалното продажно место, Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). Повеќе информации за сите опции од промотивната акција можете да најдете на www.mktickets.mk .

Следното лето е во знак на EXIT АВАНТУРАТА која нè води на EXIT, еден од најдобрите фестивалски награди, од 10-13 јули 2014 на Петроварадинска тврдина во Нови Сад и на SEA DANCE ФЕСТИВАЛ од 15-17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранско Море.

www.exitfest.org

 

EUROPE FESTIVAL AWARDS 2013

НАЈДОБРИ ГОЛЕМИ ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛИ

• Dour Festival (Belgium)

• EXIT Festival (Serbia)

• Hurricane/Southside (Germany)

• Open’er Festival (Poland)

• Pukkelpop (Blegium)

• Rock Werchter (Belgium)

• Sziget (Hungary)

• Tomorrowland (Belgium)

• Wacken Open Air (Germany)

• Woodstock Festival (Poland)

 

ХЕДЛАЈНЕРИ НА ГОДИНАТА

• Arctic Monkeys

• Atoms for Peace

• Björk

• Blur

• DieToten Hosen

• Editors

• Nick Cave & The Bad Seeds

• Nine Inch Nails

• Queens of the Stone Age

• The xx

 

ХИТОВИ НА ГОДИНАТА

• Bastille – Pompeii

• Blur – Song 2

• Daft Punk ft Pharrell & Nile Rodgers – Get Lucky

• Die Toten Hosen – Tage wie dieser

• Disclosure – White Noise

• Imagine Dragons – Radioactive

• Macklemore & Ryan Lewis – Thrift Shop

• Major Lazer – Watch Out For This (Bumaye)

• The Lumineers – Ho Hey

• The National – Demons



Врати се горе ↑