Настани qotsa

31 март, 2014

ЕГЗИТ почнува месец дена порано со „Квинс oф д Стоун Ејџ“ во Нови Сад

„РОК@ЕГЗИТ“ (ROCK@EXIT), еднодневниот рок’н’рол фестивал со „Квинс оф д стоун ејџ“ како хедлајнери, ќе се одржи на 11 јуни на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, на главната бина на ЕГЗИТ! На овој начин големата летна ЕГЗИТ авантура добива свој осми ден! На фестивалот „Рок@Егзит“ покрај „КВИНС ОФ Д СТОУН ЕЈЏ“ ќе настапат и „ПАРТИБРЕЈКЕРС“, „АЈСБРН“, „РИТАМ НЕРЕДА“ И „РЕПЕТИТОР“.

Хедлајнери на „Рок@Егзит“ фестивалот ќе бидат ни повеќе ни помалку туку „КВИНС ОФ Д СТОУН ЕЈЏ“ (QUEENS OF THE STONE AGE), кои ги предводи музичарот, мултиинструменталистот, музичкиот продуцент и „дрти рок“ гуру, Џош Хом, еден од основачите на култниот состав „Кајус“ (Kyuss) и член на бендовите „Иглс оф дет метал“ (Eagles Of Death Metal) и „Дем крукед валчрс“ (Them Crooked Vultures). Бендот ќе го претстави својот последен албум „…Like Clockwork“ објавен во јуни 2013. Ова е шести по ред студиски албум на бендот, кој публиката, но и критиката одлично го прифатија, за што најдобар доказ е првото место на „Билборд 200“ листата на најдобри албуми во С.А.Д., но и номинациите за две „Греми“ награди, помеѓу другото и за најдобар рок албум во 2013 година!

Продажбата на влезниците за фестивалот „Рок@Егзит“ почнува на 4 април на пладне. Многу огранчен број промотивни влезници по цена oд 10 евраќе бидат достапни преку сајтот gigstix.comСледната цена на влезниците за фестивалот ќе изнесува 15 евра, додека на денот на фестивалот цената ќе изнесува 25 евра. Влезниците по редовната цена од 15 евра ќе бидат достапнина продажните места на ЕГЗИТ фестивал од 10 април.

Влезот на „Рок@Егзит“ ќе биде бесплатен за сите купувачи на комплет влезница за ЕГЗИТ, со услов претходно да се регистрираат. Оние кои до 4 април купиле карта за ЕГЗИТ или ЕГЗИТ АВАНТУРА (ЕГЗИТ + СИ ДЕНС), ќе можат да се регистрираат за „Рок@Егзит“ фестивалот преку сајтот gigstix.comод април на пладне до 20 април. Регистрацијата ќе биде персонализирана на име на купувачот, чиј идентитет ќе биде утврден на влезовите на „Рок@Егзит“ фестивалот.

Сите информации за продажните места можат да се најдат на линкот www.gigstix.com/qotsa, додека информациите за „Рок@Егзит“ фестивалот се достапни на линкот www.facebook.com/QOTSAinSerbia.

На „Рок@Егзит“ фестивалот ќе настапи и бендот кој го симболизира српскиот рок, „ПАРТИБРЕЈКЕРС“. Легендарниот состав во моментов работи на новиот албум „Сиротињско царство“, кој е најавен со песната и спотот „Ситна лова“ пред помалку од два месеци. Еден од највлијателните реге состави во регионот, „АЈСБРН“ (EYESBURN), покрај своите најголеми хитови, на фестивалот ќе ги отсвири и песните од својот нов албум „Reality Check“, објавен во 2013. година, кој е претставен со сингловите кои веќе станаа хитови „Frontline“ и „Time“.

На Петроварадинска тврдина на 11 јуни ќе ги слушаме и „РИТАМ НЕРЕДА“ бендот на цврстиот звук, познат по енергичните, жестоки и бескомпромисни концерти. На „Рок@Егзит“ фестивалот ќе настапи и „РЕПЕТИТОР“ еден од најинтересните нови бендови кои бргу ја освоија публиката со својата жестока свирка и незадржлива енергија. Зад себе имаат два многу успешни албуми, а последниот „У правом тренутки” е вистински показател на нивниот извонреден талент.

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на големата осумдневна ЕГЗИТ АВАНТУРА која нè води на „РОК@ЕГЗИТ“ фестивалот на 11 јуни 2014 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, на „ЕГЗИТ“ фестивал, кој на истото место се одржува од 10 до 13 јули, како и на „СИ ДЕНС“ фестивалот од 15 до 17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадран.

 



Врати се горе ↑