Настани #EXIT2011

27 април, 2013

Егзит математика: 4+1=4

Без друштво нема добар провод, тоа сите го знаеме. Соберете ја вашата екипа, одиграјте ја играта 4+1 и одберете го среќникот меѓу вас, бидејќи од 26-ти април до 31-ви мај, на секои четири купени влезници, Exit ви ја подарува петтата целосно бесплатно, а за нештата да бидат уште позабавни, целото друштво добива бесплатно сместување во музичкиот камп на Exit!

Со доаѓањето на сонцето стартува и мечтаењето за врелите летни денови и сеќавањето на незаборавниот провод од минатото лето. Без разлика дали повторно се собирате и правите планови за враќање на тврдината или прв пат, со чувство на позитивна трема во стомакот, го планирате одењето на „оној“ Exit, знаете што сакате. Во периодот од 26-ти април до 31-ви мај имате слобода да му јавите на пријателот од странство дека го чекате со бесплатен камп или, како од шала, да му помогнете на неодлучниот другар да пресече каде ќе оди за распуст. По барање на љубителите на Exit фестивалот, повторно е активна понудата 4 + 1, бидејќи и Exit претставува една екипа, иста како вашата!

 

За ова лето да биде навистина најдоброто до сега, на секое друштво и секоја екипа обезбедено и е бесплатно престојување во Exit кампот, местото кое ќе биде центар на светот за време на одржувањето на фестивалот! Наспијте се добро пред да заминете, бидејќи сигурно ќе ви биде многу позабавно на целодневните журки на Exit плажата, отколку во шатор во ладот на тополите. Младите луѓе од повеќе од 50 земји на светот доаѓаат да ве запознаат и вас, па ќе имате можност да дознаете нешто ново и да стекнете нови пријатели.

Сите посетители се повикани да земат учество во акцијата 4 + 1, која се однесува само на петдневните комплетни влезници кои се продаваат по актуелната цена во моментов, 3.580 денари. Комплет картите за EXIT во рамки на акцијата 4 + 1 се достапни во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон, ГТЦ 1 кат – Скопје).

Овогодишниот Exit ќе го одбележат настапите на Том Јорк со групата Атомс фор пис, британските инди ѕвезди Блок Парти, битката на раперот Снуп Дог со реге лавот Снуп Лајон, Си Ло Грин ќе ги освои срцата на публиката, а Фетбој Слим (Fatboy Slim), Ерик Придз (Eric Prydz), Џеф Милс (Jeff Mills), Сет Трокслер (Seth Troxler) и Дабфајр (Dubfire) со неа ќе ја дочекаат зората на Денс Арена.

Во исчекување на 14 издание на фестивалот, потсетете се како беше минатата година на ЕГЗИТ 2012.

 

 



Врати се горе ↑