Балкан

12 декември, 2017

„Егзит“ изгласан меѓу најдобрите фестивали и организатори во Европа!

На официјалниот избор за најдобри фестивали во Европа (European Festival Awards), на кој учествува вртоглава бројка од 350 фестивали од повеќе од 35 земји на стариот континент, сите четири фестивали во организација на тимот на „Егзит“ се изгласани меѓу десетте најдобри, секој во својата категорија! Егзит“ со гласовите на публиката и деветта година по ред е избран меѓу десетте најдобри фестивали во Европа и тоа во главната категорија за „Најдобар голем фестивал“, заедно со останатите гиганти како што се белгискиот „Тумороуленд“, холандскиот „Лоулендс“, германскиот „Вакен опен ер“ или унгарскиот „Сигет“.

 

„Егзит“ доби и уште две големи признанија од страна на стручното жири со дополнителни две номинации во две специјални категории, наградата „Заземи став!“ (Take a Stand!) за општествено ангажирано делување, но и за најдобар организатор на ниво на цела Европа! Причината лежи во тоа што сите четири фестивали во организација на тимот на „Егзит“ – „Си стар“ во Хрватска, „Револушн“ во Романија, „Егзит“ во Србија и „Си денс“ во Црна Гора, се изгласани меѓу десетте најдобри во Европа, секој во својата категорија. Со номинациите и за двете специјални награди, тимот на „Егзит“ има дури шест номинации од вкупно 12 различни награди за најдобрите фестивали!

Премиерното издание на фестивалот „Си стар“ во Умаг, по незаборавните четири дена остави одличен впечаток кај повеќе од 50.000 посетители, па хрватскиот настан е во финалето за „Најдобар нов фестивал“ заедно со фестивалот „Кактус“ од Белгија и португалскиот „Уејкинг лајф“ (Waking Life), додека романскиот „Револушн“ трета година по ред е во финале за „Најдобар мал фестивал“. „Си денс“, кој уште првата година ја освои оваа престижна титула, и оваа година се најде во финалниот избор на десет најдобри во категоријата до 40.000 посетители дневно.

 

Победниците ги одбира публиката од цела Европа, заедно со стручното жири, во кое членуваат истакнати поединци од светот на фестивалската индустрија, а листата на сите финалисти можете да ја видите на официјалниот сајт на Европските фестивалски награди. Прогласувањето ќе биде на церемонијата за доделување на наградите во Гронинген во Холандија на 17 јануари 2018. „Егзит“ оваа награда ја освои во 2013 година, додека „Си денс“ својот прв фестивалски „Оскар“ го доби во 2014 година.

12.12. – Стигнуваат првите влезници за „Егзит“ со 60% попуст!

Денеска, 12 декември, стигнуваат и првите влезници за „Егзит“ по подарок цена од 3.580 денари, што е заштеда од рекордни 60% во однос на нивниот финален износ! Првите влезници за „Егзит“ секоја година се распродаваат за само неколку часа, а нивната следна цена ќе биде автоматски зголемена откако најбрзите ќе го разграбаат овој прв контингент. Влезниците во Македонија се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс, во ЈУГОТОН (Скопје, ГТЦ, 1 кат).



Врати се горе ↑