Настани 0cc78ceb-4348-4525-a0ea-4c5e84e52c74

22 март, 2016

„Егзит“ и „Вибер“ го најавуваат глобалниот конкурс за дизајн на стикери „Моја Егзит aвантура“!

Егзит“ (Exit), еден од најпрестижните светски фестивали, и „Вибер“ (Viber) – една од водечките глобални апликации за размена на пораки со повеќе од 711 милиони единствени корисници ширум светот, го најавуваат официјалниот почеток на заедничкото меѓународно натпреварување за дизајн на стикери – Моја Егзит aвантура. Заедно со партнерскиот фестивал „Си денс“ (Sea Dance) во Црна Гора, „Егзит“ е заслужен за најоригиналниот светски фестивалски пакет – „Егзит Авантура“: два наградувани фестивали на две спектакуларни локации во две соседни земји! Познат по специфичната енергија и единствената атмосфера, фестивалот Егзит“ се одржува на магичната Петроварадинска тврдина во Нови Сад, Србија – додека фестивалот „Си денс е сместен во Црна Гора на Јаз, една од најубавите плажи на Јадранско море. Единствените глетки на локациите, зачинети со незаборавните музички настапи и помешани со вистинските позитивни вибрации, на посетителите на фестивалот им овозможуваат силно и целосно поинакво доживување.

 

Целта на „Вибер“ натпреварувањето за дизајн на стикери „Моја Егзит авантура“ е да ги инспирира креативните умови од целиот свет да го изразат своето видување на „Егзит авантура“ и нејзините единствени вредности, како и фестивалскиот начин на живот – во форма на неодоливи „Вибер“ стикери кои ќе се користат 365 дена годишно. Натпреварувањето ќе го надгледува организацијата „Талентхаус“ (Talenthouse), која на уметниците од целиот свет им овозможува директен пристап до креативните содржини на водечките брендови, агенции и поп-икони. Еден среќен уметник, одбран од страна на официјалното жири, ќе добие награда во износ од 3.000 американски долари, додека победничкиот дизајн ќе биде претворен во стикер-пакет на „Вибер“ спремен за преземање. Жирито истотака ќе одбере и четири истакнати уметници кои ќе освојат по 500 долари. Сите тие ќе бидат наградени со влезници за „Егзит авантура“, а победникот на конкурсот ќе биде поканет да ја посети и доживее „Егзит авантурата“ заедно со останатите членови на својот креативен тим, со ВИП пристап зад сцената и фестивалскиот свет, кој не е достапен за регуларните посетители.

Официјалната почетна страница на конкурсот „Моја ЕГЗИТ авантура“ можете да ја најдете на овој линк.

Душан Ковачевиќ, основачот на фестивалот „Егзит“ ги повика сите креативни умови да се приклучат на конкурсот нагласувајќи: „’Егзит’ во споредба со останатите големи фестивали е единствен во поглед на историјата, разновидноста на музиката и општествениот активизам. Ве поттикнуваме да ја преточите магијата на целата ‘Егзит авантура’ – како ‘Егзит’, така и ‘Си Денс’ фестивалот – во шарени и интересни „Вибер“ стикери кои ќе живеат 365 дена во годината благодарение на вашето креативно дело“.

Ерез Шошер, кретивниот директор на „Вибер“, даде значаен совет за сите учесници: „Бараме креативни стикери кои ќе ја означат енергијата и вибрацијата на ‘Егзит’, а кои ќе им бидат важни и на луѓето надвор од рамките на фестивалот. Колку повеќе е стикерот корисен, толку повеќе ќе биде и популарен, па размислувајте за типовите на стикери и фразите кои секојдневно сакате да ги користите со своите пријатели. Одбраниот дизајн на стикери ќе биде комбинација на практичност и единствените вредности на фестивалот ‘Егзит’.“

Први дознајте сè за „Егзит aвантурата“!

И пред да тргнете на „Егзит авантурата“, од денес можете да имате инсајдерски пристап до најновите информации следејќи го „Егзит авантура“ јавниот чет на „Вибер“ (Exit Adventure Public Chat)! Изведувачите на „Егзит авантурата“ ќе гостуваат на јавниот чет за да одговорат на прашањата од учесниците; ќе бидат достапни материјалите директно од фестивалот, како и содржините од останатите манифестации, журки и конференции во меѓувреме. Јавниот чет можете да го следите тука.

За „Егзит aвантура“ 2016
Официјално најдобриот европски фестивал за 2016 година, „Егзит“ оваа година ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, по што „Егзит авантурата“ се сели на Јадранскиот брег за третиот по ред фестивал „Си денс“ , кој ќе се одржи од 14 до 16 јули. Настапите на „Егзит авантура“ веќе ги потврдија Ели Гоулдинг, Бастил, Виз Калифа, „Хртс“, „Вексинс“, Димитри Вегас и Лајк Мајк, „Лост фрикуенсис“, Робин Шулц, Ники Ромеро, Стормзи, Соломун, Нина Кравиц, Енди Си, „Модстеп“, Сигма, Вилкинсон и многу други.

За компанијата „Вибер
„Вибер“ бесплатно ги поврзува корисниците ширум светот со луѓето кои им се најважни, преку секојдневно ширење на добрите вибрации и создавање на исклучителни животни случувања. Со тоа што преку 711 милиони единствени корисници ширум светот ја употребуваат оваа комуникациска платформа, „Вибер“ на луѓето им нуди прилика да се поврзат на начин кој најмногу им одговара – било да е тоа преку испраќање на индивидуални пораки, преку видео повици, групни разговори или следење на светските брендови и познати личности на јавен чет. „Вибер“ може да се користи на мобилните телефони и таблети на „ајфон“, „ајпад“, „андроид“, мобилните телефони „Виндоус“, „Виндоус 8“, „Мак“, „Линукс“ и „Симбиан“ уредите преку 3Г/4Г или „ВајФај“ конекција. Компанијата „Вибер“ припаѓа на групацијата Ракутен.



Врати се горе ↑