Балкан

22 декември, 2017

„Егзит“ го подготви најголемиот новогодишен подарок: 5 фестивали по цена за 1!

Денес е отворена најголемата празнична акција откако постои „Егзит“, во која со купување на влезница за фестивалот „Егзит“ по промо цена од 3.580 денари, на подарок се добиваат и четири влезници за останатите четири фестивали од потфатот Егзит слобода 2018“. Покрај „Егзит“, тука се и новиот Фестивал 84 на олимписката Јахорина, фестивалот „Си стар“ во Умаг, Револушн во Темишвар, како и Си денс во Будва. Акцијата важи за сите кои веќе ја купиле или допрва ќе ја купат својата влезница за фестивалот „Егзит“, а единствен услов е да се регистрираат во периодот од 15 до 28 февруари на сајтот www.exitfest.org и на тој начин да го потврдат своето доаѓање на останатите фестивали. Бројот на влезници во оваа акција е многу ограничен, а акцијата трае најдоцна до крајот на оваа година или и порано, до истекот на предвидениот контингент за оваа намена!

 

Влезниците во Македонија можете да ги купите во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Во продажба е и многу ограничен број на туристички пакети за фестивалот „Егзит веќе од 75 евра. Пакетите содржат влезници и сместување во фестивалскиот камп на Дунав, а на сајтот на „Егзит трип“, официјалниот туристички сервис на фестивалот „Егзит“, може да се одбере и друг тип на сместување, во хотели, хостели или апартмани. За сите љубители на зимските спортови достапен е и многу ограничен број на туристички пакети за новиот „Фестивал 84 на Јахорина, по цена веќе од 49 евра со влезница за фестивалот, дводневен ски пас и сместување. Во подготовка се и нови, исклучително атрактивни пакети за Си стар. Повеќе информации на www.exittrip.org.

 

Повеќе од 17.000 луѓе веќе го осигураа своето место на Петроварадинска тврдина за претстојниот, осумнаесетти по ред, фестивал „Егзит“, кој ќе биде одржан од 12 до 15 јули 2018 во Нови Сад. По „Егзит летото на љубовта 2017“, кое го потсети светот на темелните вредности од летото 1967 кога настана револуционерното хуманистичко „хипи“ движење кое засекогаш го промени светот, „Егзит“ во годината на своето „полнолетство“ прославува едно од најголемите тогашни достигнувања, а тоа е пред сѐ личната слобода. „Егзит“ е еден од ретките музички фестивали кој израснал од движењето за слобода и кој од своето основање има силна општествена мисија, а Егзит слобода“ е глобален повик за слобода од робувањето на материјализмот, стереотипите и колективните заблуди во кои денеска се наоѓа нашата цивилизација. Откако „Егзит лето на љубовта“ во 2017 постави рекорд со сите четири фестивали, „Егзит слобода“ ќе биде досега најголемиот фестивалски потфат, не само во регионот, туку и пошироко, бидејќи во 2018 ќе собере дури пет фестивали: EXIT во Нови Сад, Festival 84 на Јахорина, Sea Star во Умаг, Revolution во Темишвар и Sea Dance во Будва.



Врати се горе ↑