Настани exit 2013

28 февруари, 2013

Егзит Денс Арената трета во свет

Пасворд Продукција со гордост ја известува јавноста дека реномираните музички медиуми повторно го одбраа ЕГЗИТ во редот на најдобрите светски музички фестивали. Престижниот американски магазин Вајб (Vibe) го издвои ЕГЗИТ и Денс Арената (Dance Arena) како една од трите најдобри летни фестивалски дестинации за сите љубители на електронската музика и тоа рамо до рамо со легендaрните фестивали „Амстердам Денс Ивент“ (Amsterdam Dance Event) и „Тумороуленд“ (Tomorrowland). Интересен е и начинот на кој Вајб ја опиша Денс Арената „во далечната Србија, внатре во спектакуларните ѕидини на Петроварадинската тврдина, се одигруваат најпопуларните журки на светот. ЕГЗИТовата Денс Арена е остварување на најлудите сништа на сите оние кои живеат за добрата забава“. Исто така, и реномираниот американски портал Битпорт (Beatport) го вклучи ЕГЗИТ во 20-те најдобри европски фестивали оваа година, наведувајќи дека се очекува „ЕГЗИТ 2013, со дополнителниот петти ден, да биде најдоброто фестивалско издание досега“.

Во оваа прилика, само колку да ја загрееме атмосферата, најавуваме неколку имиња на изведувачите за овогодинешната програма на Денс Арена:
Dubfire
Seth Troxler, Pan-Pot, Matador live
Subb An b2b Adam Shelton, Apollonia & Deniz Kurtel!

Славниот иранско-американски диџеј/продуцент и добитник на Греми наградата Дабфајр (Dubfire) се враќа во голем стил на Петроварадинската тврдина! Публиката на Денс Арена се сеќава на Дабфајр кога настапи како Дип Диш (Deep Dish) и на неговиот легендарен „бек-ту-бек“ настап со диџејот Ричи Хотин (Richie Hawtin), на 10-тиот роденден на ЕГЗИТ. Повратник на Денс Арената е и Сет Трокслер (Seth Troxler), кој имаше исклучителен настап на Егзит 2011, а кој во меѓувреме е прогласен за најдобар диџеј на светот за 2012. од страна на влијателниот портал „Резидент Адвајзор“ (Resident Advisor). Пан-Пот (Pan-Pot), берлинското дуо кое во моментов доминира на техно сцената, ќе ја воодушеви публиката на Денс Арена со својот необичен звук. Заедно со нивната популарност, етикетата „мобили рекордс“ (mobilee records) истотака бележи голем пораст, а ова фантастично дуо со својата музика ги растопува умовите со стегнати сфаќања.

Денс Арената, како природно место за техно звукот, оваа година ќе го угости и едно од најголемите имиња на овој музички правец – Матадор лајв (Matador live). Неговиот идентитет за сега останува скриен, но доволно е да се каже дека сопствениот стил го разви во текот на бессоните ноќи на почетокот на овој век, слушајќи ги легендарните албуми и компилации како „World Service“ кој го направи Дејв Кларк (Dave Clarke) и „Decks, EFX & 909“ – Ричи Хотин. Матадор вели дека му се допаѓа искривениот, мрачен, трипозен, тежок техно звук, возењето кое трае цела ноќ. На љубителите на дип хаус звукот им ги претставуваме Саб Ен б2б Адам Шелтон (Subb An b2b Adam Shelton), кои ќе не задржат будни со својот атмосферски звук кој преоѓа во специфично техно. Комбинацијата на овие два диџеи ќе биде невообичаена и ќе ја загрее атмосферата на ЕГЗИТ-овата Денс Арена. Со задоволство ви ја претставуваме и диџеј групата Аполониа (Apollonia), составена од трите најбарани имиња од Париз: Шонки (Shonky), Дан Генасиа (Dan Ghenacia) и Диед Саундором (Dyed Soundorom). На овогодинешниот ЕГЗИТ ќе настапат во бек2бек2бек спектакуларно издание. Доказ дека плочите се враќаат во мода е токму ова популарно трио кое во текот на целото лето настапува во клубот ДЦ10 (DC10) на Ибица и кое сјајната атмосфера ќе ја пренесе и на публиката на ЕГЗИТ фестивал.

Дениз Куртел (Deniz Kurtel), диџеј и продуцентка која ја красат посебниот стил и став, е уште еден несекојдневен додадок на изведувачите кои ќе ја одведат Денс Арената во Р:Еволуција и иднината на подиумската музика. Дениз ќе се претстави со сопствените изданија и ремикси издадени за Вулф + Лемб (Wolf + Lamb) како Кростаун Ребелс (Crosstown Rebels), но и со широката лепеза на влијанија кои го обликуваа нејзиниот музички израз.

Досегашен лајн ап:

Atoms For Peace, DJ Fresh Live, Dubfire, Seth Troxler, Pan-Pot, Matador live, Friction & MC Linguistics, SKiSM, Subb An b2b Adam Shelton, Apollonia, Deniz Kurtel, The Prototypes, Inspector Dubplate, Brookes Brothers and Dub Phizix & MC Strategy + уште многу други кои следуваат…

Влезници:

Во моментов, актуелната цена на петдневните влезници за фестивалот изнесува 3.580 денари, а во Македонија можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс и Југотон (ГТЦ) во Скопје. Во тек е и акцијата на Егзит, „Љубовна Р:Еволуција“ со која до 8-ми март сите парови кои ќе ги купат своите фестивалски влезници, добиваат бесплатно место во Егзит кампот!



Врати се горе ↑