Галерија e2ea258e-6667-4a55-ac90-443c6200e4fe

19 јуни, 2015

„Егзит“ авантурата започна со спектаклот на Роби Вилијамс пред 33.000 луѓе!‏

Светската музичка икона – Роби Вилијамс одржа спектакуларен концерт пред повеќе од 33.000 луѓе во Белград! Во духот на слоганот „Get ExcITed“, публиката со овации го испрати концертот на Вилијамс кој траеше скоро два часа, а за време на кои се менуваа најголемите хитови на Роби! Колку беше воодушевен од публиката на концертот, најдобро сведочи реченицата која ја изговори Србијо, преубава си! Јас сум твој! За вас ќе му раскажам на целиот свет! Публиката хорски пееше за време на апсолутниот аудио-визуелен спектакл, со дури 20 членови од придружниот бенд на бината! Со прашањето „Србија, дали сум сѐ уште твој син?“ започна комплетната еуфорија во ритамот на песната Let me Entertain You!“ по која Роби оправдано ја наслови целата турнеја.

Видео: Бојан Креќа

Потоа следеше танцовиот хит „Rock DJ, по кој публиката веќе беше подготвена за славната „Monsoon. Се редеа хитовите Come Undone“, „Millennium“, „Feel“, „Road to Mandaley“, „No Regrets“, „Bodies“, „Kids“, „Supreme и други. За време на песната Candy на сцената Роби ја повлече обожавателката Ана и со неа го одигра славниот танц во сценскиот креветот со вистински бакнеж!

Видео: Александар Зец

Ќерката на Роби доби своја посвета со традиционалната приспивнаTwinkle, Twinkle Little Star која публиката ја пееше заедно со него. Во моментот на изведувањето на песната „Better Man“ на сцената му се придружи и неговиот татко, славниот комичар Пит Конвеј (Pete Conway), кој патува со Роби на целата турнеја. Бисот почна со уште една обработка од групата „Квин“ (Queen) и тоа епохалнатаBohemian Rhapsody, а крајот традиционално ѝ припадна на култната баладаAngels и за крај хорски отпеаната She’s the One.

Видео: Ненад Петковиќ

Вистинскиот мјузикл на Роби го красеа и кратки музички цитати од познати песни, а свое место на сет-листата најде и „Freedom90“, славната обработка на песната на Џорџ Мајкл со која Вилијамс ја започна соло кариерата пред повеќе од две децении. Журката по концертот продолжи со германскиот диџеј и хитмејкер Том Нови (Tom Novy) и грчкиот диџеј Џорџ Цилипакос (George Tsilipakos).

За време на вистинското загревање на концертот на Роби, наместо класична предгрупа, најголемото возбудување пред „Егзит“ Авантурата го донесе еден од најбараните „кавер“ бендови во регионот „Перпетуум Мобиле“, кои ги изведе најголемите хитови на овогодишните изведувачи на фестивалите „Егзит“ и „Си денс“, како што се „Феитлес“, Емели Санде, „Д продиџи“, Ману Чао, Џон Њуман, „Капитал ситис“, „Милки Ченс“, „Клин бандит“ и други. Специјална гостинка на „Егзит Авантура Лајв“ беше и овогодишната српска претставничка на „Евровизија“, Бојана Стаменов, како и финалистите на регионалниот „Х фактор“, кои ја отпеаја „Safe & Sound“ од групата „Капитал ситис“! За самиот крај на „Егзит Авантура Лајв“ сегментот и за посебно музичко задоволство, краток настап одржа и светската музичка сензација „Ту Челос“ (2CELLOS), кои ја отсвиреа и „Voodoo People“ од групата „Д продиџи“ (The Prodigy), овогодишниот хедлајнер на фестивалот „Си денс“!

Фотографии: Марко Ристиќ



Врати се горе ↑