Настани ImageProxy

9 мај, 2014

Егзит авантурата Ви го претставува Егземпл во живо!

Главната бина на Си Денс (Sea Dance) фестивалот во среда, 16 јули ќе ја угости омилената X-Bass програма на Егзит, која се реализира во соработка со славниот UKF. Ѕвезда на вториот ден на овој фестивал ќе биде ни повеќе ни помалку туку ЕГЗЕМПЛ (EXAMPLE live)!

Елиот Џон Глив (Elliot John Gleave) ака ЕГЗЕМПЛ е текстописец, пејач и рапер, еден од најпопуларните изведувачи на британската сцена, но и еден од ретките електронски продуценти кој ги распродава музичките арени! Неговиот планетарен хит „Changed The Way You Kiss Me“ ја одбележа 2011 година, кога ги освои многубројните светски топ листи. Од тогаш Егземпл е редовен гостин на најголемите светски фестивали!

 

Елиот пред публиката на Си Денс фестивалот ќе го претстави својот енергичен настап за кој сигурно ќе се зборува многу, но и неговиот петти студиски албум Live Life Living кој излегува во јуни оваа година, па публиката на плажата Јаз ќе има можност меѓу првите во светот да го чуе новиот албум во живо.

По настапите ширум светот, од Јужна Африка до Ибица, овој голем музичар доаѓа на Балканот, на плажата Јаз, на која ќе одѕвонуваат големите клубски хитови како ’Changed the Way You Kiss Me’, Stay Awake’, ’Say Nothing, кои долго време ги заземаа првите места на многу музички листи. Освен што неговите песни се слушаа во клубовите ширум светот, повеќе од 100 милиони прегледувања на неговите видеа на You Tube каналот говорат за огромна база фанови на овој изведувач, која продолжува рапидно да расте. Она што е сигурно е дека на Јаз нè очекува спектакл својствен на овој енергичен изведувач и дека неговата музика е совршена за врелите летни ноќи, разбрануваното море и преубавиот Јадрански брег!

 

Си Денс фестивалот ќе се одржи од 15 до 17 јули 2014 година на плажата Јаз во Будва и ќе претставува совршен завршеток на осумдневната EГЗИТ АВАНТУРА која, по повод 15-тото издание на ЕГЗИТ, започнува на 1 јуни на ROCK@EXIT фестивалот на Петроварадинска тврдина, продолжува на истото место 10-13 јули на EXIT фестивал, по што летната журка се сели на Јадранскиот брег.

Во продажба се влезниците за EXIT АВАНТУРА со претпродажната цена од 4.320 денари. Влезница за EГЗИТ АВАНТУРА подразбира четиридневна влезница за EГЗИТ ФЕСТИВАЛ 2014 и тридневна влезница за СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ 2014.

НЕМАШ КАРТА? ИМАШ ПРИЈАТЕЛИ? До 25 мај во тек е акцијата 5 + 1 со која на 5 купени комплети за EXIT АВАНТУРА добивате 1 гратискако и карти за Квинс оф д Стоун Ејџ бесплатно за сите! Повеќе информации на овој линк и на www.mktickets.mk .

Во продажба е и тринаесетдневен EXIT АВАНТУРА ПАКЕТ по цена од 11.350 денари.

Сите информации се достапни на www.exitfest.org и www.mktickets.mk



Врати се горе ↑