Настани da850bc3-2759-4820-b582-a2c73b0f6ac8

18 февруари, 2015

„Егзит“ Авантурата подарува дополнителен ден на „Си Денс“!‏

Во чест на историскиот успех и освојувањето на овогодишната титула „Најдобар европски фестивал“ во категорија до 40.000 посетители по ден, овогодишното издание на фестивалот „Си Денс“ (Sea Dance) ќе има посебен почеток. Покрај трите, веќе потврдени дена со одлична морска забава, во среда, 15 јули, сите купувачи на влезници за целиот овогодишен фестивал „Си Денс“ или за полната десетдневна „Егзит“ Авантура, ги очекува дополнителен ден! Ќе биде тоа вистински спектакл како подарок со кој ќе биде прославен новиот голем успех на доделувањето на Европските фестивалски награди. Наскоро ќе бидат познати хедлајнерите за 15 јули, а публиката на Егзит Авантурата и фестивалот „Си Денс“ на Јаз ги очекува големо изненадување!

 

Ова лето „Егзит“ Авантурата почнува во Нови Сад на 9 јули и ќе трае повеќе од десет дена, сè до финалето на будванската плажа Јаз на 18 јули! „Егзит“ фестивал го слави својот 15. роденден на Петроварадинската тврдина, а „Си Денс“ ја „брани“ титулата за најдобар европски фестивал во категорија до 40.000 посетители дневно. Своите настапи веќе ги потврдија „Моторхед“ (Motorhead), „Хардвел“ (Hardwell), „Клин Бандит“ (Clean Bandit), Том Одел (Tom Odell) Крис Либинг (Chris Liebing), „Рудиментал“ (Rudimental), Адам Бејер (Adam Beyer), „Сигма“ (Sigma), „Иглс оф дет метал“ (Eagles of Death Metal), „Рони Сајз Репрезент“ (Roni Size Reprazent), Вилкинсон (Wilkinson), „Октав уан“ (Octave One), „Зомбој“ (Zomboy)  и други, а во следниот период, рано како никојпат досега, ќе бидат редовно објавувани исклучително актуелните и од страна на публиката многу бараните изведувачи за над 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Влезниците за „Егзит“ фестивал се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ 2.240 денари. Единствената влезница за повеќе од десет дена на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, можете да ја набавите за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат), каде што веќе се во продажба и картите за превоз за „Егзит“ авантурата (Скопје – Нови Сад – Будва – Скопје) по цена од 4.990 денари. За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го осигураат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најдат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.



Врати се горе ↑