Настани Exit_Adventure

7 декември, 2013

Егзит авантура во 2 држави!

Една авантура, две држави, седум дена, безброј впечатоци по цена од 3.200 мкд! ЕГЗИТ Р:Еволуцијата не ги проголта сопствените деца! Напротив, наместо тоа, во чест на 15-тото издание на ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ ќе ги испрати на седумдневна јулска авантура во две држави! ЕГЗИТ 2014 ќе се одржи на добро познатото место, Петроварадинска тврдина, најдобрата фестивалска локација на свет, за потоа добриот провод да биде продолжен на една од најубавите плажи на Јадран. Со централната бина на плажата Јаз и низа случувања на Големата плажа, во стариот град во Будва и во Котор, ЕГЗИТ го добива и своето морско издание, СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ (SEA DANCE FESTIVAL), прекриено со песок и школки. Дали сте подготвени за ЕГЗИТ АВАНТУРА – седум дена најдобра летна забава?

Подобро би било да сте веќе подготвени, бидејќи, како и секоја година, ЕГЗИТ подготви супер попуст! Од четврток, 12-ти декември, па сѐ до 14-ти јануари во продажба ќе се најдат влезниците по цена од 3.200 денари, што е дури 60% попуст од регуларната цена, за четири дена ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ на Петроварадинската тврдина. Но тоа не е сè! Оние кои ќе купат пакет влезници во рамки на оваа акција ќе бидат наградени со влезница за сите седум дена од ЕГЗИТ АВАНТУРАТА, односно добиваат влезница за три дена СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ целосно бесплатно! Ни тоа не е сѐ! На членовите на ЕГЗИТ Трајб, посетителите на фестивалот од претходните години, кои влезниците ќе ги купат до 14-ти јануари, ЕГЗИТ им подарува и бесплатно сместување во кампот на фестивалот во Нови Сад, додека оние кои ЕГЗИТ го посетуваат прв пат можат уште сега да го резервираат своето место во кампот по цена од 1.650 денари.

Редовната цена на влезниците за ЕГЗИТ ќе биде 7.250 денари, а за СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ 2.630 денари. Во Македонија продажбата на влезниците за ЕГЗИТ се одвива преку МКтикетс, во официјалното продажно место Југотон (прв кат, ГТЦ, Скопје). Сите дополнителни информации можете да ги најдете и на интернет страницата на фестивалот exitfest.org.

Покрај сите попусти и поволности, доколку сакате да ни ја препуштите нам целосната организација на вашиот превоз и сместување на ЕГЗИТ фестивал, одберете еден од пакетите специјално дизајнирани за незаборавно летно искуство! Одберете пакет ЕГЗИТ и по цена од 6.150 денари, можете да добиете влезница за ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ, сместување во кампот во Нови Сад, како и превоз од вашиот град до ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ, со повратен билет.

Ако сте подготвени за ЕГЗИТ АВАНТУРАТА, за истоимениот пакет по цена од вкупно 8.650 денари добивате влезница за ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ, СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ, сместување во камп во Нови Сад, превоз од вашиот град до Нови Сад, превоз од Нови Сад до Будва, со враќање во вашиот град. Специјалните пакети се достапни до 14-ти јануари, а повеќе информации ќе најдете на www.exittrip.org.

ЕГЗИТ Р:Еволуцијата 2013 забележа посета од над 200.000 луѓе, многубројни соборени рекорди и вистинска, револуционерна енергија кој ги исполни ѕидините на Петроварадинска тврдина и се прели низ улиците на Нови Сад. ЕГЗИТ АВАНТУРАТА оваа година таа енергија ја проширува и понатаму, сѐ до врелите јадрански плажи. Време е да почнете да размислувате за идеалните бикини, шешири и очила за сонце, кампување покрај море, патување со екипата, за незаборавните летни ноќи и експлозија од доживувања. Добро звучи? Време е за ЕГЗИТ АВАНТУРА!



Врати се горе ↑