Аудио efto

7 април, 2015

Ефто Пупиноски пее песни за сите генерации

После подолго време на интензивна и креативна работа во студиото „Подрумот“, се направија завршните работи на новото цеде на авторски песни на Ефто Пупиноски. Цедето насловено „Песно моја добра“ има 15 нови авторски композиции каде што композитор е Ефто Пупиноски, текстописци Мирослав Кузман и Огнен Неделковски и аранжери Сашо Ливрински, Тодор Трајчески и Ангел Ќосев. Песните се веќе ставени и може да се чујат на „Јутјуб“ (Youtube). Екипата ангажирана на проектот посебно внимаваше да се направи нешто што ќе се слуша и ќе остане и да има песни за сите генерации. Повелете, слушајте и уживајте!

 



Врати се горе ↑