20 ноември, 2012

Едо Маајка го промовираше спотот за „Фејсбук“

Босанскиот рапер Едо Маајка вчера го објави новиот видео запис за неговата песна „Фејсбук“, а премиерно беше прикажан на регионалниот музички канал MTV. Главниот лик во спотот е „малиот Едо“ кој во излогот го забележува  новиот комуникациски уред „Мозок²“, па во истиот момент се префрла во светот на фантазијата каде што малиот Едо си замислува каков би му бил денот ако поседува таков уред.

Во врска со песната, раперот изјавил: „Всушност, на некој начин, овој спот е пaродија на некои секогаш истакнувани клишеа на хип-хоп и рап спотовите, а во одредена мера е и критика на жанрот. Но, пред сè ова е критика на народот кој е буквално опседнат со технологијата и кој го потенцира оддалечувањето од она најважното, токму она за што се зборува во песната“. 

Инаку, оваа нумера се наоѓа на петтиот студиски албум на Маајка, насловен „Штрајк мозга“, кој беше издаден во април годинава, а покрај „Фејсбук“ на истиот се наоѓаат уште 11 други нумери. Првиот сингл кој го најави овој албум во декември минатата година беше нумерата „Паника“.

Извор: Mtv.rs



Врати се горе ↑