Македонија

11 мај, 2018

„Едно“ од Гоце Симоноски: Разоткривање на мистериите во природата и музиката

Тетовскиот композитор, аранжер, продуцент и автор Гоце Симоноски на 17 мај ќе ја промовира својата прва книга насловена „Едно: Разоткривање на мистериите во природата и музиката“, во издание на „Ѓурѓа“.

„’Едно’ е обид да се даде одговор на сите оние, навидум едноставни прашања кои речиси сите ние како деца сме имале смелост да ги поставуваме: Зошто небото е сино? Зошто тревата е зелена? Што има зад онаа планина? Што се крие зад хоризонтот? Што се случува надвор од планетата Земја? Зошто реалноста суштествува и е таква каква што е? Научниот метод и редукционизмот се алатките со кои се обидувам да ги дадам одговорите на горенаведените прашања. Исто така, во содржината активно се истражува и феноменот музика“, објаснува Симоноски за Смарт портал“.

Почитувани, ми претставува особена чест и задоволство да ја најавам мојата дебитантска книга насловена како „Едно:…

Gepostet von Goce Simonoski am Mittwoch, 2. Mai 2018

 

Покрај творештвото во класичната музика, Симоноски е познат за македонската публика како автор и аранжер на голем број поп-хитови, но и како член на бендот Хај контрол.

Промоцијата на „Едно“ ќе се одржи во четврток, 17 мај, во тетовското кафуле „Квинс“, а промоторка на книгата ќе биде реномираната македонска композиторка Дарија Андовска. Кус преглед на содржината на ова првенче на Гоце Симоноски можете да прочитате овде.

Фотографија: smartportal.mk



Врати се горе ↑