18 мај, 2017

„Една љубов“ – Најголемите хип-хоп артисти од Македонија и Бугарија со заедничка турнеја

Една љубов без граници! Живееме во време во кое луѓето се делат по етничка, верска, расна, статусна… и уште каква не припадност. Но, љубовта не знае за предрасуди, а љубовта кон уметноста е способна да ги „уништи“ сите граници, дури и државните. Токму тоа летово ќе го докажат најдобрите хип-хоп артисти од Македонија и Бугарија, кои ги здружија силите за заедничка турнеја во двете држави.

18425418_1292878434159495_2188730892363302878_n

Под мотото „Една љубов / Една любов“, турнејата ќе помине во осум градови, започнувајќи од 22 јули со бесплатен концерт во Банско, потоа на 26 јули продолжува во Охрид, на 27 во Струмица, на 17 август во Сончев брег, на 18 август во Варна, 6 септември во Пловдив, па на 30 септември во Скопје и завршува на 7 октомври во Софија.

18556055_1294744973972841_8576810104596579765_n

Од Македонија ќе настапуваат: Слаткаристика, Тони Зен и диџеј Гоце – С.А.Ф., а од Бугарија: Криско, Гери-Никол и Апсурт. За сите детали поврзани со турнејата „Една љубов“ можете да се информирате на официјалната страница на Фејсбук, One Love Tour.



Врати се горе ↑