Концерт 21272155_1554531661269881_5151327245842065721_n

5 септември, 2017

„Една љубов“ на 30 септември во Скопје

Скопје ќе биде дел од најголемата македонско-бугарска фестивалска турнеја „Една љубов“ (#OneLoveTour). Настанот ќе се одржи на 30 септември во Хала-5 на Скопското сајмиште. Организаторите најавуваат одличен настан со најпознатите ар-ен-би и хип-хоп ѕвезди, па така на иста бина ќе настапат: Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Тони Зен, Апсурт и класиката на македонскиот хип-хоп, диџеј Гоце – САФ.

Концертот во Скопје ќе биде претпоследен за оваа турнеја на дружината, која летово настапи во Банско, Струмица, Охрид, Сончев брег, Варна и во Пловдив, а последната станица е бугарската престолнина, каде што ќе настапат на 7 октомври.

Влезните билети за концертот во Скопје се веќе пуштени во претпродажба, а публиката може да ги набави преку продажната мрежа на Мк Тикетс по цена од 400 денари. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.

 



Врати се горе ↑