Македонија

11 декември, 2017

Една година од смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска

На денешен ден се упокои великата Есма Реџепова – Теодосиевска, балканска хуманитарка, европска донаторка и светски гласовен гениј.

Хуманитарното здружение денес, пред куќата на Есма Реџепова, подели новогодишни пакетчиња на децата од соседството на Есма и на тој начин ја продолжи нејзината традицијата.

„Ти беше земен ангел и знаеме дека си во рајот. Ти благодариме за твојата добрина, љубов, искреност, топлина и твоето големо срце што го отвораше кон сите. Живеевме со тебе, а ти вечно ќе живееш во нашите срца, ум, емоции, сеќавања, моменти и животни радости. Твоето, хуманитарно здружение Есма и Стево Теодосиевски“, напишала на својот профил на Фејсбук нејзината менаџерка, соработничка и блиска пријателка Зорана Костовска, која со останатите членови на здружението го продолжува хуманиот пат на Есма – единствената кралица на ромската музика.



Врати се горе ↑