Македонија eden_baknez

18 декември, 2012

„Еден бакнеж“ – нова музичка емисија на ТВ Алфа

Водителката Ирена Спировска и Игор Ангелов, актер од Драмски театар се новата ТВ двојка, која ќе ја води новата забавно музичка емисија на ТВ Алфа „Еден бакнеж“. Тоа ќе биде циклус емисии со најубавите македонски поп евергрин песни. Емисијата е своевиден времеплов кој ќе не потсети на најубавите македонски шлагери, фестивалски композиции, поп и рок хитови од четири различни декади.

Од почетокот на шеесетите години, па се до двеилјадитата. Пејачите кои ќе ја имаат честа, но и одговорноста да ги отпејат во живо старите евергрини се Адријана Јаневска, Наде Талевска, Елена Петреска, Јоце Панов, Ѓорѓи Крстевски и Горан Наумовски подржани од бендот на Благој Маротов, кој е задолжен и за аранжманите. Вовед во секоја декада ќе бидат светски, европски или ЈУ хитови од тоа време.

Во секоја емисија ќе има и соговорници со кои ќе раскажуваат за случувањата кои го обележале периодот кога се создавани овие евергрини. Првата емисија веќе беше емитувана, а за сите коишто ја пропуштивте можете да ја погледнете во продолжение, каде што гости беа Вера Јанковиќ и Ванчо Димитров.

 


 



Врати се горе ↑