Свет ed

28 ноември, 2016

Ед Ширан заврши на болница заради принцезата Беатрис

Старите рекле „од играчка – плачка“, а токму тоа му се случи на популарниот музичар Ед Ширан, кој заврши на болница со пресечено лице. Имено, како што пренесуваат британските медиуми, 25-годишната ѕвезда присуствувала на забава со својот колега Џејмс Блант (45) и принцезата Беатрис (28), а Блант се пошегувал дека би сакал да добие статус на витез.

Прифаќајќи ја шегата, принцезата Беатрис зела церемонијален меч, но не забележала дека Ширан стои токму зад неа и силно замавнала пресекувајќи му го десниот образ на пејачот. За среќа, мечот го промашил неговото око и несреќата не довела до потешки повреди, но Ширан итно бил пренесен во болница, каде што му ја сошиле раната.

Сопственикот на хитовите „Sing“ и „Thinking Out Loud“ во моментов прави пауза од музичката сцена, па ќе има доволно време да закрепне.



Врати се горе ↑