Видео ed

24 март, 2016

Ед Ширан во новиот филм за Бриџит Џонс

Вчера беше објавен првиот трејлер за третото продолжение на популарниот филм за Бриџит Џонс, насловен „Бебето на Бриџит Џонс“. Покрај Рене Зелвегер и Колин Фирт, овој пат им се придружи и актерот Патрик Демпси, но мала улога има и познатиот британски музичар Ед Ширан.

Ова можеби не е новост за неговите верни обожаватели, бидејќи пејачот пред неколку месеци се пофали со фотографија од снимањето: „Поминав еден ден како актер во новиот филм за Бриџит Џонс. Многу ми се допадна, а сигурен сум дека и вам ќе ви се допадне“, напишал Ед во описот за фотографијата со Рене.

ед

„Бебето на Бриџит Џонс“ ќе пристигне во кино-салите ширум светот во средината на септември, а какви авантури ќе има познатата русокоса дознајте од трејлерот во продолжение.

 



Врати се горе ↑