Аудио ed_sheeran

10 јануари, 2017

Ед Ширан се враќа со два нови сингла

Ед Ширан забележливо отсуствуваше од музичката сцена минатата 2016 година, но на своите обожаватели им надомести со дури два нови сингла! Станува збор за темите „Shape Of You“ и „Castle On The Hill“, кои веќе го започнаа својот поход на топ листите.

Веќе е познато дека 25-годишниот музичар често пишува песни за своите колеги од двете страни на Атлантикот, но понекогаш одлучува да ги задржи за себе. Токму таков е случајот со „Shape Of You“, која Ширан оригинално ја пишувал за Ријана, но толку многу му се допаднала што решил самиот да ја отпее.

15822703_10154885439924486_6432802870005708559_n

Новите синглови се вовед во неговиот трет по ред, студиски албум што ќе ги наследи „+“ (Plus) и „x“ (Multiply), а чиј наслов повторно ќе биде математички знак, овој пат знакот за делење –÷“ (Divide). Сè уште не е познато кога ќе биде објавено новото издание, освен дека ќе излезе во текот на годинава.

Како звучат повратничките синглови на Ед Ширан можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑