Свет Ed-Sheeran-2-1024x576

9 мај, 2013

Ед Ширан планира хип-хоп албум

Британскиот пејач Ед Ширан неодамна изјавил дека има преку 40 нови песни, но на неговиот нов албум ќе се најдат околу 14. Имено, тој си поставил предизвик да „пишува поинаку и да излезе од зоната во која се чувствува комфорно“, па затоа новиот албум ќе биде повеќе во хип-хоп стил. Иако оваа одлука е малку невообичаена, сепак Ширан докажа дека добро ќе се снајде и во овој жанр, а и Вие можете да се уверите во тоа ако го погледнете следното видео во кое Ед заедно со колегата Песинџер направија своја верзија на хитот од деведесеттите години – „No Diggity“ од Блекстрит и веќе добро познатата „Thrift Shop“, со која се прослави дуото Меклмор и Рајан Луис. 

 

 



Врати се горе ↑