11 ноември, 2012

Ед Ширан пее „Дај ми љубов!“

Британската поп сензација Ед Ширан, деновиве го објави видео записот за неговиот сингл „Give Me Love“, кој исто така можеше да се слушне во епизодата „Dangerous Liaisons“ од популарната ТВ серија „Вампирски Дневници“, а е дел од неговиот деби албум едноставно наслловен „+“.

Видео записот претставува приказна за девојка која е прободена со стрела, умира и станува Купидон, па потоа оди низ улиците на Лондон, ги „застрелува“ луѓето и гледа како љубовта цвета околу неа. Песната е моќна поп балада, а видео записот од неговото објавување за само еден ден достигна околу половина милион прегледи на YouTube.



Врати се горе ↑