1 март, 2017

Ед Ширан нè изненади со уште една нова песна

Само неколку дена пред објавувањето на неговиот нов албум, Ед Ширан повторно ги израдува своите обожаватели со нова песна и ново видео, а повод за тоа е 10. роденден на Ес-би-ти-ви (SBTV), која пред точно 7 години го претстави неговото прво видео. Станува збор за темата насловена „Eraser“, во која британската ѕвезда не само што пее, туку и рапува, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, третиот по ред студиски албум на Ед Ширан што го носи насловот ÷“ (Divide), ќе биде објавен в петок, 3 март.



Врати се горе ↑