Свет es

9 март, 2017

Ед Ширан ќе формира група

Ед Ширан има навистина големи планови за иднината, а една од нив е да формира група. Имено, во неодамнешен разговор за списанието „Ролинг стоун“, британската ѕвезда откри дека веќе започнал со аудиции за потенцијалните членови на оваа група, која ќе биде составена само од момчиња.

„Ќе најдам 3-4 момци, ќе им пишувам песни и ќе ги земам на турнеја со мене“, вели сопственикот на актуелниот број 1 хит „Shape of You“, додавајќи дека веќе започнал со работа на новиот материјал.

Тој исто така изјави желба да игра главна улога во филм со сопствен саундтрак, а се надева дека ќе има можност за заедничка турнеја со колешката Тејлор Свифт.

Имајќи го предвид неговиот досегашен успех, кој од година во година е сè поголем, воопшто нема да нè изненади ако му се остварат сите желби. Само напред Ед!



Врати се горе ↑