Аудио edsheeran-shapeofyou

26 февруари, 2017

Ед Ширан има две нови верзии на „Shape of You“

Ед Ширан очигледно и самиот е вљубен во својата песна „Shape of You“, па одлучи да нè почести со две нови верзии на овој хит! Во пресрет на неговиот нов албум „÷“ (Divide), кој ќе стигне на 3 март, на сервисот „Епл мјузик“ се појавија два ремикса потпишани од Стормзи и екипата на хитмејкерите „Мејџор лејзер“.

На неодамнешното доделување на британските музички награди, Ед ја изведе песната во придружба на надежниот британски рапер, за кого неговиот продуцент веќе најавува дека ќе биде главна ѕвезда годинава, па како звучат заедно Ед Ширан и Стормзи слушнете во продолжение.

 

Зад вториот ремикс стои екипата на „Мејџор лејзер“, која хитот на Ед го претвори во дует на кој се придружуваат Најла и Крејниум.

 

Како и да е, едно е сигурно. Претстојното лето, а и целата година ќе се танцува на некоја од верзиите на „Shape of You“!

 



Врати се горе ↑