Видео

18 мај, 2019

Ед Ширан и Џастин Бибер го споделија видеото за дуетот „I Don’t Care“

Две од најголемите музички ѕвезди во последниве години, Ед Ширан и Џастин Бибер неодамна ја претставија својата најнова соработка, прва што ја отпеаја во дует, а темата насловена „I Don’t Care“ сега си доби и соодветно видео. Имено, музичарите можеме да ги видиме „монтирани“ во различни ситуации, во кои се чувствуваат како да не припаѓаат, но ништо од тоа не е важно сè додека се во друштво на саканата.

Дека оваа соработка беше и повеќе од очекувана од следбениците на двете ѕвезди, доказ е и фактот што песната го собори рекордот на Спотифај со 10,977 милиони преслушувања само во првиот ден, а дебитираше на првото место на топ-листите во Австрија, Италија, Ирска, Шкотска, Холандија, Шведска и, секако, во Велика Британија.

Како изгледа кога на Ед и Џастин „не им е гајле“, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑