Аудио

13 мај, 2019

Ед Ширан и Џастин Бибер ги здружија силите за „I Don’t Care“

Најавен со речиси идентични фотографии на социјалните мрежи, изминатиов викенд стигна новиот сингл на Ед Ширан и Џастин Бибер, а темата насловена „I Don’t Care“ е вистински летен хит. Иако имаат соработувано и претходно, ова е првпат двете ѕвезди да запеат во дует, а сето тоа наскоро ќе го заокружат и со интересено видео.

Сè уште не е познато дали песната е најава за ново издание од кој и да од двата музичари, кои последните албуми ги објавија во 2015 („Purpose“ на Бибер) и 2017 („Divide“ на Ширан). Канаѓанецот извесен период се повлече од јавниот живот за да се посвети на менталното здравје, а Британецот месецов ќе го започне последниот дел од светската турнеја „Divide“, која ќе заврши во кон крајот на август.

Додека го очекуваме официјалното видео, како звучи дуетот на Ширан и Бибер за „I Don’t Care“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑