Аудио

1 декември, 2017

Ед Ширан и Бијонсе во дуетската верзија на „Perfect“

Актуелниот сингл на Ед Ширан, баладата „Perfect“ беше одлично прифатена од самиот почеток на топ-листите, а неодамнешното романтично видео со актерката Зои Дојч само дополнително ја зголеми популарноста на песната. Но, се чини дека за британската ѕвезда тоа не беше доволно, па одлучи да нè почести и со дуетска верзија, со една од неговите најславни колешки – Бијонсе. Пејачите одлично се надополнуваат во романтичната балада, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑