Аудио

12 јули, 2019

Ед Ширан го објави новиот албум и новото видео за „Antisocial“ со Тревис Скот

Штотуку објавениот албум на Ед Ширан сигурно е едно најочекуваните изданија за летово, благодарение на фактот што е комплетно составен од соработки со бројни имиња од светската музичка сцена. Приказната започна со дуетот со Џастин Бибер за „I Don’t Care“, а од денеска конечно можеме да ги слушнеме сите 14 песни.

Бруно Марс, Карди Би, Еминем, Камила Кабејо, Скрилекс, Стормзи, Ела Меј се само дел од гостите што учествуваа во создавањето на „No 6. Collaborations Project“, а по повод денешното објавување стигна и мошне интересното видео за темата „Antisocial“, за која Ширан ги здружи силите со американскиот рапер Тревис Скот. Музичарите се појавуваат во различни изданија и маски, а сето тоа заедно со сите песни албумот можете да ги погледнете и преслушате во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑