Настани Hosts_2_8x3

1 октомври, 2015

Ед Ширан е домаќин на европските музички награди на Ем-ти-ви

Светската суперѕвезда Ед Ширан ќе биде домаќин на претстојното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви за 2015 година, кое ќе се одржи на 25 октомври во Милано, Италија. Популарниот музичар веста ја соопшти вчера, преку социјалната мрежа Твитер, навестувајќи дека ќе има и помош во текот на вечерта.

Набрзо потоа на Инстаграм се огласи и австралиската актерка и макененка Руби Роуз, која откри дека токму таа заедно со Ширан ќе се обиде да води уште едно експлозивно и незаборавно издание на европските музички награди.

Како што е познато, годинава во трка за наградата „Најдобар изведувач од Балканот“ е и нашиот Даниел Кајмакоски, за кого можете да гласате на овој линк, најдоцна на 24 октомври.

Преносот во живо од „Медиоланум форум“ во Милано ќе можете да го проследите во недела, 25 октомври, со почеток од 21 часот на регионалниот канал на Ем-ти-ви.

Извор и фотографии: mtvema.com



Врати се горе ↑