Аудио

5 јули, 2019

Ед Ширан, Бруно Марс и Крис Стејплтон ги здружија силите за „BLOW“

Ед Ширан одамна докажа дека е крал на соработките, а освен што гостува кај бројни колеги или им пишува хитови, повеќето од нив ги собра и за својот најнов проект „No 6. Collaborations“, на кој смести дури 14 потенцијални мегахитови. Како што е познато, оваа приказна започна со инстант-хитот „I Don’t Care“ во дует со Џастин Бибер, а продолжи со „Cross Me“ и „Beautiful People“.

Сега на ред дојде една од можеби најинтересните соработки, темата насловена „BLOW“, за која силите ги здружи со мегапопуларниот Бруно Марс и кантри-ѕвездата Крис Стејплтон. Но, она што сигурно никој не го очекуваше е песната да биде во енергичен рок-стил, како „златна средина“ меѓу нивните соодветни стилови. „BLOW“ дефинитивно ќе донесе уште повеќе енергија со изведба во живо, а како звучи заедничкиот труд на ова несекојдневно музичко трио, дознајте во продолжение.

 

За љубителите на помекиот звук, пак, Ширан се погрижи истовремено да ја објави и баладата „Best Part Of Me“, отпеана во дует со неговата штитеничка и нова американска ѕвезда во подем – Јеба.

За само неколку дена, на 12 јули ќе пристигне и целиот албум, така што ќе имаме можност да ги слушнеме и соработките со Еминем, Фифти Сент, Карди Би, Камила Кабејо и многу други.



Врати се горе ↑