Настани 2196bf71-c0ef-4198-a5cb-5c5124cfea81

22 февруари, 2016

Ѕвездите доаѓаат на Јаз: „Хртс“ го потврдија настапот на „Си денс“!

Светската концертна атракција, популарната британска група „Хртс“ (Hurts) ќе настапи на 16 јули на главната бина на фестивалот „Си денс, во рамките на големата светска турнеја за новиот албум „Surrender“! За вртоглавиот успех на манчестерскиот бенд кој го предводи авторското дуо Тео Хачкрафт и Адам Андерсон, најдобро говорат милионите продадени албуми и синглови, како и распродадените турнеи ширум светот. Оваа година ја предводат програмата на водечките европски и светски фестивали, а откако ја восхитија публиката на „Егзит“ во 2014 година, овој пат изразија желба да настапат токму на фестивалот „Си денс“, на преубавата плажа Јаз! Под отвореното ѕвездено небо, на брегот на Јадран, публиката во живо ќе ги чуе и новите хит синглови Some Kind of Heaven“ и „Lights“, а хорски ќе се пејат рефрените на фестивалските химни „Stay“, „Miracle“ „Illuminated“, „Sunday“ и еден од најголемите хитови на деценијата „Wonderful Life“. „Хртс“ во меѓувреме соработуваа со најголемите светски ѕвезди како што се Келвин Харис и Кајли Миног, на кои воедно тие им се и еден од омилените бендови. Настапија на најголемите светски фестивали, меѓу кои и повеќе пати на „Гластонбери“, чија публика ги награди со титулата бенд со најдобар настап во живо, и тоа пред групите „Рејдиохед“, „Ју-ту“ и „Колдплеј“!

 

Новото студиско издание „Surrender, го продуцираа Џонас Квант и легендарниот Стјуарт Прајс, омилениот соработник на Мадона, „Килерс“, „Пет шоп бојс“, како и сѐ повеќе бараниот американски продуцент Ариел Речстаид кој стои зад хит сингловите на изведувачи како што се Адел, Ашер, „Хаим“, „Вемпајр викенд“, Мејџор Лејзер и други. Овој исклучително современ албум, проткаен е и инспириран од бројни искуства и емоции кои Тео и Адам имале можност да ги доживеат создавајќи го албумот на повеќе локации, меѓу кои и швајцарското гратче Монтро и тамошното легендарно студио во кое снимале Дејвид Боуви, „Стоунси“ или Иги Поп. Делови од албумот снимени се и на шпанскиот остров Ибица, како и американските метрополи, Лос Анџелес и Њујорк.

Британското дуо претставува неверојатна приказна за успехот на двајца многу таленирани музичари кои по сосема случајната и помалку необична средба се здружуваат и започнуваат заедно да творат музика. Планетарната популарност ја достигнуваат уште со албумот првенец „Happiness“. Албумот се најде на листата топ 10 најдобри во дури 15 земји ширум светот и стана најбрзо продаваниот британски албум во 2010 година, позиционирајќи се во врвот на топ листата за најуспешни албуми во Британија. Првиот спот за носечкиот сингл од албумот „Wonderful Life“, кој е своевидна автобиографија на членовите на бендот, денес нивна лична карта и мегапланетарен хит, снимен е во црно-бела техника за само 20 фунти кои се дадени како хонорар за танчерката во спотот. Година дена по спотот и повеќе од 2 милиони прегледувања, како и безброј интервјуа за медиумите ширум светот, членовите на составот снимија нов спот за песната на Ибица, онаков спот каков што отсекогаш посакувале, а кој по својата премиера оствари над 30 милиони прегледувања. Овој сингл, е омилена нумера на австралиската поп дива Кајли Миног, со која бендот сними дует (Devotion), но ја направи и најпопуларната обработка на нејзиниот хит „Confide in Me“. Бендот продолжи да бележи нови успеси и по објавувањето на вториот албум „Exile“, од кој се издвоија нумерите „Miracle“, „Blind“, „Somebody to Die for“ и други.

Фестивалот „Егзит годинава ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа Егзит Авантурата патува на Јадранско море поради третиот фестивал „Си денс од 14 до 16 јули. Настапите веќе ги потврдија Ели Гоулдинг, „Бастил“, „Хртс“, Виз Калифа, Димитри Вегас и Лајк Мајк, „Лост фрикуенсис“, Робин Шулц, Ники Ромеро, Стормзи, Соломун, Анди Си, „Анти-флег“, „Ет д гејтс“, „Кок спарер“, „Дисајплс“, Ернан Катанео и Хенри Саиз, Џејмс Забиела, „Мајнд агенст“, „Модстеп“, „Сигма“, „Саб фокус“, Вилкинсон, Ем-си Ад-апт, Зомбој, „Антигон“, „Боргезија“, Конго Нети, диџеј Хајп, „Даб пистолс“, Федер, Франсоа Екс, „Ајви леб“, Кенсингтон, Мис Дајнамајт, „Мај ну ленг“ и Дред Ем-си, Рене Лавис, Сем Фелдт, Сара Фарина, Шломо, „Саб зиро“, „Теди килерз“ и Томи Фор Севн.

Влезниците за „Егзит“ се во продажба по цена од 3.599 денари, а за „Си денс“ од 2.220 денари, додека целата Егзит Авантура чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

 



Врати се горе ↑